СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
1СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
2Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
РакометВардарки најавуваат трета победа во серија во Лигата на шампионитеЖенскиот ракометен првак на Македонија Вардар во недела го игра натпреварот од 4.коло од Б групата од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува хрватскиот тим Подравка против кого ЖРК Вардар изминатиов викенд постигна тешка победа (27:26) на гости. Тоа беше втората победа за нашиот тим во групата.Во пресрет на неделниот дуел на денешената прес конференција тренерот Индира Кастратовиќ рече дека се работи за важен натпревар и оти очекува победа. - Од претходните три натпревари што ги одигравме не сум задоволна од формата, но се надевам дека екипата ќе влезе во потребниот ритам. Како и секогаш одбраната е клучна за да победиме, но во нападот мораме да мислиме да играме колективно. На неделниот натпревар ќе настапиме со истиот состав. Доколу имаме сигурна предност шанса на овој натпревар ќе добијат и помладите, истакна Кастратовиќ. Хрватската интернационалка во редовите на ЖРК Вардар Маја Зебиќ, која долги години беше член на Подравка, исто така очекува победа на неделниот дуел со својот поранешен клуб. - Подравка е добар тим, но тие одиграа добро „прво полувреме“ на дуелот на домашен терен и сметам дека тоа нема да можат пак да го повторат и дека на неделниот натпревар нема се да им тргне од рака, рече Зебиќ. Натпреварот ЖРК Вардар – Подравка се игра во недела со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“. Во ланската сезона овие два тима играа исто така во групната фаза, а ЖРК Вардар постигна две победи (39:26 и 35:17). Вториот натпревар од групата Будуќност – Турингер се игра во исто време истотака во недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласовиПо насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови.Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина. Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски. Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор. Граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС. Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи. Знаеме и за 40 отсто од медиумите во Македонија кои се во сопственост на нивниот „голем брат“ Орбан, а во служба на ВМРО и Мицкоски. Знаеме и за Латас, кој е главниот човек за медиуми и уредувачка политика во име на Мицкоски. Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата. Знаеме и кој се занимава со увоз на струја со својот бизнис партнер од Србија, почесниот конзул. Сега сè е познато. И прашањето е јасно: Дали овие се доволни причини СДСМ да не дозволи ваквиот закон да помине? Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. Како што ги укина потпретседателите во ВМРО, така управува и во Владата. Целосен авторитаризам, на кој му е потребно и гласање на копче. За неговиот лагоден живот и луксуз му е неопходна власта. Само додека е на власт може да оди и на море, без да го болат колената. Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лицаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад. Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој . Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.Тагови: русија Украинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот мицкоски во посета на Општина НеготиноПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter