3Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска
РакометВардарки го „разбија“ БитигхајмЕкипата на Вардар продолжува со победите во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа Битигхајм со убедливи 38:26.Во натпревар со две различни полувремиња, „црвено-црните" на гостувањето во Германија имаа доста проблеми во првото полувреме со играта „седум на шест“ која ја практикуваше домашниот тренер. Првите 30 минути завршија само со два гола предност за Вардар (16:14), но во вториот дел вардарки „експлодираа“ и со двоцифрен триумф го завршија мечот. Најефикасна во победничкиот тим беше Андреа Пенезиќ со осум гола, на голот Амандин Лејно забележа 12 одбрани,. По оваа победа Вардар пред Мец со 8, Ференцварош и Будуќност имаат по 6, Битигхајм и Турнингер по 2. Во следното коло Вардар на 10 февруари го пречекува тимот на Будуќност. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државатаМладите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата. Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството. Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања. Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите. Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите! Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и ЖерновскиНародот вели: една фотографија –илјада зборови.А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста во Битола, насловена „Силно светнал ден“. Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев. Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДС, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата. Филипче доби уште една порака од народот. Ова не е прослава ниту на СДС, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прослава им припаѓа на граѓаните. А народот ја испрати својата порака. Пораката е во продолжение – на фотографиите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска трескаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно нилска треска потврдија за Канал 5 од Клиниката за инфектологија.Денеска министерството за здравство ќе има информација за болните и за евентуално ново заразени со вирусот. Особено внимание се препорачува кај повозрасните лица и оние со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западно-нилската треска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter