Вардариште и синоќа ги труеше Аеродром и Ново Лисиче – има ли решение за дивата депонија? - Канал 5

Вардариште и синоќа ги труеше Аеродром и Ново Лисиче – има ли решение за дивата депонија?

Од Јавното обвинителство и МВР, за Канал 5 потврдуваат дека постапуваат и работат на терен за да утврдат дали некој намерно ја запалил депонијата, по што ќе се знае дали има кривична одговорност.

Вардариште и синоќа ги труеше Аеродром и Ново Лисиче – има ли решение за дивата депонија?

Канцерогени честички од пожарот што во делови од дивата депонија Вардариште сè уште тлее и веќе два дена со ветрот влегуваат во секоја пора од Скопје, можат да останат во човековиот организам и до 30 години и никаков прозорец не може да не заштити, вели за Канал 5 Професорот Андон Чибишев од Универзитетската клиника за токсикологија. Тој алармира дека последиците од труење со отровните гасови можат да бидат сериозни, особено за развојот на децата.

„Се депонираат во организмот и внатре можат да останат некои од нив (отровните гасови) и до триесет години. За денови не зборуваме, зборуваме за години. Така депонирани, тие предизвикуваат пореметување на комплетниот метаболизам на клетките и можат да доведат, прво до малигнизација, малигна алтерација викаме ние, или да предизвикаат сериозни малигни заболувања, или сериозни пореметувања на нивната фукција. Сега кога горат депониите навистина јас не гледам начин да се заштитат (граѓаните), затоа што чадот го дува ветерот и тие отровни гасови на сите страни. Тој можеби во надворешна средина е во поголеми концетрација, меѓутоа тој навлегува и внатре во живеалиштата, во становите, ние со никакви прозорци тоа не можеме да го сопреме.“

Од Јавното обвинителство и МВР, за Канал 5 потврдуваат дека постапуваат и работат на терен за да утврдат дали некој намерно ја запалил депонијата, по што ќе се знае дали има кривична одговорност.

Пријава поднел и градоналникот на Аеродром, Дејан Митески, кој вината за сегашните состојби ја гледа во Данела Арсовска и Петре Шилегов, кои, според него, осум години додека биле на чело на Град Скопје не превземале ништо.

„Ова загадување е од потпалување на депонија којашто Градот Скопје ја има комплетно запоставено изминативе осум години и не наоѓа уште начини да ја реши таа депонија, а страдаме токму ние, граѓаните на Аеродром најмногу, односно граѓаните на Ново Лисиче и Лисиче. Оваа депонија мора под итно да се решава: за жал не е на територија на Општина Аеродром и немаме механизам како да делуваме, меѓутоа од неделата, вчера и во текот на утрово сум во постојана комуникација со МВР и со ОЈО.“

Вардариште стана мегдан и за вербална пресметка на двајцата главни претенденти од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за престолот на Град Скопје. Орце Ѓеоргиевки од Вардариште најави зелена оаза на местото на депонијата, каде што ќе никнат, како што посочи, новите бели дробови на повеќе од 300.000m2. Ова Каја Шукова од СДСМ ова го нарече илузија, посочувајќи дека решението лежи во модернизација на претоварната станица за отпадот по европски стандарди.

„Физибилити студијата е веќе подготвена и неколку години чека во градот Скопје за да биде реализирана, а тоа е за посебен третман на ова цело место.

Правилен третман на отпадот овде, чистење на оваа депонија, темелно чистење на оваа депонија и создавање на еден од најголемите скопски паркови, новите бели дробови на Скопје, овде на Вардариште, парк од над 300.000 м2.“

„Ќе го правеле парк за забава и рекреација. Тоа се илузии. Таквото нешто не може туку така да се направи. Тоа не е реално. Мора да знаете дека Вардариште е претоварна станица за Скопје. Си постојат специјални подлоги за да нема загадување ниту на почвата ниту на водите. Постојат и специјални филтри за да нема загадување на воздухот. Се се тоа европски пракси кои се спроведени во цела Европа. Ајде да ги донесеме кај нас.“

Од Министерството за заштита на животната средина засега нема никаков став. Не добивме одговори за тоа што тие како надлежна институција презеле за надминување на состојбите, а нема образложение ниту за евентуални инспекции од нивна страна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер