Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона - Канал 5

Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона

Актуелниот македонски и европски првак Вардар на супериорен начин совладувајќи ја Барселона стигна до четвртата победа во Лигата на шампионите.

Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона
Вардарци пред својата публика во преполната сала на СЦ „Јане Сандански“ ја победија Барселона 27-24, полувреме 16-12, во меч од 5.коло на А групата.

Гостите од Шпанија беа рамноправни само во првите 12-минути кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше еуфорична игра на вардарци во двата правца. На голот несовладлив беше Штербик, а во нападот Борозан и Циндриќ го полнеа голот на Барселона, за на полувремето Вардар да замине со +4 (16-12).

И во вториот дел иста слика. Вардарци рутинирано ја одржуваа предноста, која на крајот сепак изнесуваше три гола 27-24.

Вуко Борозан со шест и Хорхе Македа со пет постигнати гола беа најефикасни во редовите на Вардар, на чиј гол блескаше Арпад Штербик со 14 успешни интервенции.

Покрај овој меч, денеска во А групата се одигра и дуелот Нант – Кристијаншдад 34-25, додека на средбите кои беа одиграни претходно ПИК Сегед на гости ја победи Висла со 33-27, а Рајн Некар Левен славеше против ППД Загреб со 31-24.

Табела: Вардар 9 бодови, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Барселона 7, Нант 5, ППД Загреб 1 и Кристијанштад 1. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје.

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар.

Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари.

Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен.

СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема

Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода.

Одговори нема, одговорност нема.

Трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти.

Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега.

Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема.

За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен.

Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица

​Христијан Мицкоски, претседател на Владата, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дека има многу дилеми во јавноста за јавниот долг, односно што сè стои во структурата на јавниот долг, изјави:

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица

„Ја слушав онаа прес-конференција којашто ја имаа пратеници од СДСМ во рамките на Македонското Собрание, каде што имаше две тези коишто сами по себе се небулозни и на отворена сцена покажуваат непознавање. Но, во ред, јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Но, каква е вистината и каква е реалноста? Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат. И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабри вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по бројот на жртви за време на корона-кризата.

Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер