Вардарци синоќа пристигнаа во Келн - Канал 5

Вардарци синоќа пристигнаа во Келн

Ракометарите на Вардар вчеравечер пристигнаа во Келн, Германија, каде викендот ќе го играат завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.

Вардарци синоќа пристигнаа во Келн
Вардар направи она што досега не му успеало на ниту еден друг машки тим во Македонија. По трите пласмани во четврт-финалето сега е направен посакуваниот и очекуван чекор напред, влезот на Ф4 турнирот.

Двајца играчи од сегашниот состав на Вардар веќе го имаат освојувано трофејот во лигата на шампионите, Арпад Штербик трипати, и еднаш Иван Чупиќ.
За Вардар ова е 11 сезона во ЛШ, и убедливо е најуспешната македонска екипа што досега учествувала во елитното натпреварување. Сезоната 2016/2017 досега е најуспешната за клубот, со 12 победи на 16 натпревари и освоени 24 бода. Вкупно во ЛШ „црвено-црните“ имаат одиграно 102 натпревари.

Вардарци денеска ќе го имаат првиот тренинг.

Полуфиналниот натпревар со Барселона е закажан за утре во 18 часот, претходно од 15:15 часот во првото полуфинале ќе играат ПСЖ и Веспрем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови.

Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година.

Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш.

Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува.

Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно.

Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него.

Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот.

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност.

Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод.

Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација.

Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш.

Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети.

Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли.

Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател.

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер