Вардарци против Розенборг ќе атакуваат на првите бодови во Лига Европа - Канал 5

Вардарци против Розенборг ќе атакуваат на првите бодови во Лига Европа

Македонскиот фудбалски првак Вардар во четврток ќе го одигра последниот меч во Лига Европа.

Вардарци против Розенборг ќе атакуваат на првите бодови во Лига Европа
Вардарци кои досега немаат освоено ниту еден бод, се надеваат дека конечно пред својата публика ќе успеат да го сторат тоа, бидејќи за противник го имаат Розенборг против кој на гостувањето во Норвешка загубија со 3-1, иако имаа и шанси да останат непоразени.

Еден од капитените на црвено-црните, Никола Глигоров, смета дека токму Розенборг е шанса за првиот позитивен резултат.

„Впечатокот кај сите нас, а мислам и кај јавноста, е дека ако Вардар има шанси да осои бод или три против некого во оваа група, тоа е Розенборг. Видовме и на натпреварот кој го загубивме во гости со 3-1, дека можеме да играме со нив. Примивме прво гол од пенал, вториот беше наивен, но ние се носевме рамноправно, шансите беа на наша страна, имавме статива. Сепак, ако мислиме дека ќе биде лесно се лажеме. Тие се квалитетна екипа, шампион на својата држава, редовен учесник во групните фази во Лигата на шампионите или во Лига Европа, па нема да биде лесно да се освојат бод или три. На нас е да го направиме клучниот чекор, да ја допишеме историјата, де не остане само дека сме учествувале во групната фаза“, изјави Глигоров.

И неговиот соиграч од нападот Дејан Блажевски кој во Норвешка имаше голема шанса да постигне гол, а неговиот удар ја погоди стативата, се согласува дека токму Розенборг е тимот против кој Вардар со право може да се надева на првиот позитивен резултат.

- Мислам дека можеме, а сигурно ќе се обидеме да ги освоиме првите бодови, за да не останеме на нула. Мислам дека имаме големи шанси да успееме во тоа. Нема од се залетаме, од почеток, да тргнеме многу офанзивно, бидејќи доколку примиме први гол ќе биде многу потешко. Затоа очекувам како ќе минува времето, така да напаѓаме повеќе кон нивниот гол, дополни Блажевски, стрелец на само еден од двата гола на Вардар во групната фаза на ЛЕ.

Дуелот Вардар – Розенборг кој е во рамките од последното 6.коло на Л групата ќе се игра в четврток со почеток од 21 часот и 5 минути, на националната арена „Филип Втори“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. 

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна –  33% од работниците живеат во сиромаштија

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.

Скопје, 21.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд.

Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати.

Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството.

Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер