Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
2Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
РакометВардар во Сегедин ги брани 8-те голови залиха од Скопје Екипата на Вардар вечерва од 19 часот во спортската сала „Вароши“ го игра реваншот од четвртфиналето на лигата на шампионите против ПИК Сегед.„Црвено-црните“ синоќа го обработија единствениот тренинг и подготвени се да ги одбранат осумте гола позитива од мечот со Скопје (31-23) со што ќе обезбедат пласман на „фајнал фор“ турнирот во Келн, кој ќе биде трет за тимот. Ова ќе биде десетти меѓусебен дуел на двата клуба, откако скопскиот тим славел шест пати, еднаш загубил, а две средби завршиле нерешено. Сезонава во најелитното ракометно натпреварување, вардар на гости запиша пет победи, два пораза и едно реми, додека Сегед дома има шест триумфи, двапати ремизираа и нема ниту еден пораз..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван ЈордановВчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО. Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните. Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност. Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма. Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММТагови: Трајче Стојчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter