Вардар во дуел против ППД Загреб за ново финале во СЕХА лигата - Канал 5

Вардар во дуел против ППД Загреб за ново финале во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20:30 часот ќе се бори за своето четврто финале во СЕХА лигата. Ривал на „црвено-црните“ е хрватскиот првак ППД Загреб.

Вардар во дуел против ППД Загреб за ново финале во СЕХА лигата
Ова се воедно двата најуспешни тима во ова натпреварување бидејќи по петтипат играат во завршницата на 5.тиот „фајнл фор“ турнир. Вардар има две титули (2012 и 2014 година, а Загреб 2013), а и двете екипи оваа сезона ќе играат и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

На ланскиот завршен турнир на кој победи Веспрем, Вардар и Загреб играа во дуелот за 3.место, а поуспешен беше хравтскиот шампион (26:23).

Ракометарите на Вардар вчера во комплетен состав имаа тренинг во Варажадин, а на вечерашниот дуел се очекува да имаат поддршка и од околу 100-тина навивачи.

Во првото полуфинале на „Ф4 турнирот“ актуелниот шампион Веспрем важи за фаворит против белоруската екипа Мешков Брест. Почетокот на овој дуел е во 18 часот.

Победниците од денешните дуели ќе играат во финалето во недела кое почнува во 19 часот, додека поразените ќе играат во натпревар за 3.место со почеток во 16.30 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер