Вардар уште еднаш подобар од Цеље - Канал 5

Вардар уште еднаш подобар од Цеље

Третпат во три месеци ракометарите на Вардар го совладаа Цеље и со новите три бода си го обезбедија првото место на СЕХА табелата за време на зимската пауза.

Вардар уште еднаш подобар од Цеље
Во последниот дуел на македонскиот шампион на домашен терен за 2016 година, синоќа во СЦ „Јане Сандански“ Вардар славеше победа над словенечкиот претставник со 33:31.

Најефикасен во победничката екипа беше Игор Карачиќ со шест погодоци, Арпад Штербик запиша 12 одбрани.

Тренерот Раул Гонзалес изјави дека очекувал тежок натпревар.

- Цеље игра многу добар ракомет, многу брз и затоа за нас беше многу тежок натпревар. Против нив мора секогаш да играте 100 отсто. Ние сме прво место на табелата и мора да го искористиме моментот. Веќе во вторник играме против Загреб, тоа ќе биде уште еден тежок меч, рече Шпанецот на пресот по натпреварот.

Вардар по оваа победа дојде до 35 бода и го обезбеди првото место за време на зимската пауза. Теоретски и Веспрем може да собере ист број бодови, но Вардар има многу подобра гол-разлика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мостар прогласи вонредна состојба поради пожар на депонија (ВИДЕО)

Градоначалникот на Мостар по вонредната седница на градскиот и кантонскиот штаб за цивилна заштита изјави дека пожарот предизвикал огромна штета на полето на депонијата

Мостар прогласи вонредна состојба поради пожар на депонија (ВИДЕО)

Поради големиот пожар што утрово ја зафати депонијата Уборак и предизвика речиси целосна материјална штета на локацијата, Градот Мостар прогласи вонредна состојба со цел да им се овозможи на надлежните служби брзо и ефикасно да дејствуваат во санирањето на последиците.

Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, по вонредната седница на градскиот и кантонскиот штаб за цивилна заштита изјави дека пожарот предизвикал огромна штета на полето на депонијата, како и загриженост кај граѓаните поради чадот што се надвиснувал над градот.

„Веднаш по пријавата, сите надлежни служби - пожарникари, полиција, брза помош и други служби - излегоа на местото на настанот. Затекнавме огромен пожар што ги опустоши локациите Буѓевци и Уборак. Изгоре салата за рециклирање со сите свои објекти, опремата на депонијата беше оштетена, а благодарение на напорите на пожарникарите, административната зграда беше спасена“, рече Кордиќ.

Според него, штетата е речиси 100%, а настанатата ситуација претставува голем проблем не само за Мостар, туку и за поширокиот регион.

Кордиќ рече дека прогласувањето вонредна состојба му овозможува на Штабот за цивилна заштита да издаде итни наредби и да спроведе мерки потребни за надминување на кризата, особено кога станува збор за организирање на отстранувањето на отпадот откако депонијата Уборак претрпе голема штета.

Тој ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно со отпадот и да се воздржат од фрлање комунален и цврст отпад на јавни површини до понатамошно известување за да не се оптовари дополнително комуналниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекорди

Џонатан, најстарата желка во светот, доби престижна награда – икона на Гинисовите светски рекорди.  

Најстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекорди

Се смета дека Џонатан е роден пред 1832 година, односно има најмалку 194 години, и со тоа е најстарото живо копнено животно во светот, соопшти организацијата.

Се проценува дека имал најмалку 50 години кога во 1882 година бил донесен од Сејшелите на јужноатлантскиот остров Света Елена, како подарок за идниот гувернер на оваа британска прекуморска територија, и оттогаш живее во рамките на гувернерската резиденција, вилата „Плантејшн Хаус“.

Гинис потсетува дека Џонатан чекорел по планетата уште пред да бидат направени првите фотографии, пред да се воспостават првите телефонски разговори, и пред да биде завршена Ајфеловата кула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски потпиша потпиша закон за измени на државниот буџет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за измени на државниот буџет за 2026 година, со кој се зголемуваат средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор за околу 1,56 милијарди украински гривни, или 30 милијарди евра.

Зеленски потпиша потпиша закон за измени на државниот буџет

Според украинската новинска агенција Укринформ, измените предвидуваат приходите од државниот буџет за 2026 година да се зголемат за околу 44,7 милијарди евра, со што вкупните приходи ќе достигнат приближно 101 милијарда евра.

Зголемувањето на буџетските приходи е предвидено, објаснува Укринформ, првенствено благодарение на финансиската поддршка од Европската Унија (ЕУ), врз основа на спроведувањето на Планот за Украина, односно спроведувањето на иницијативата на ЕУ за Украина, и зголемените приходи од даноци на доход на граѓаните поради растот на готовинските приходи на воениот персонал.

Како што потсетува Укринформ, на 10 јуни Врховната рада на Украина ги усвои во второ читање и во целост измените на државниот буџет за 2026 година, кои првенствено се насочени кон зголемување на средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер