Вардар убедливо го совлада Ранј Некар - Канал 5

Вардар убедливо го совлада Ранј Некар

Македонскиот првак Вардар ја оствари и шестата победа во ракометната Лига на шампиони.

Вардар убедливо го совлада Ранј Некар
Вардарци вечерва на гостувањето во Франкфурт, го совладаа германскиот тим Ран Некар со 33-27 полувреме 17-16.

Најефикасен во редовите на „црвено-црните“ беше Хуан Канељас кој постигна 10 годови, дедека Лука Циндриќ постигна 7, а Хорхе Македа беше стрелец на 4 гола.

Вчеравечер во дуел од истата Б група, европскиот првак Киелце како гостин го совлада ППД Загреб со 23-26.
.
Останатите две средби од оваа група, Мешков Брест – Целје и Кристијанштад – ПИК Сегед, ќе се играат во сабота.

На табелата, водечки е Вардар сега со 12 бодови, пред Киелце кој има 10, а по нив следуваат: Рајн-Некар 9, ПИК Сегед 7, Мешков Брест 6, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.

Покрај натпреварот во Франкфурт, вечерва се одиграа уште две средби од 7.коло во Лигата на шампионите. Во рамките на А групата, Висла Плок – Кадетен Шафхаузен 33-26 додека во Д групата, Динамо Букурешт со 30-25 го совлада Холстебро.

Македонскиот вицепрвак Металург својот натпревар од ова коло ќе го игра во недела од 18:15 часот и тоа на гостувањето кај Евлерум. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер