Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
3Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
РакометВардар тренира во комплетен состав, за Чупиќ ќе се знае во неделаВардар во недела во Скопје ја пречекува Висла Плоцк во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез на денешната прес-конференција соопшти дека се подготвуват во комплетен состав, а дека по подолго време на располагање ќе го има и Иван Чупиќ.- Тренираме во комплетен состав, тоа значи дека и Иван Чупиќ е со тимот, но дали ќе настапи тоа ќе знаеме во недела. Ова е предноста кога играш на домашен терен, можеш да чекаш до последно пред да донесеш одлука околу составот, рече Гонзалез. Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ по завршувањето на Европското првенство не играше подолг период поради повреда на коленото. За Вардар овој натпревар е од исклучително значење бидејќи со победа ќе го освои првото место, односно ќе има директен пласман во четвртфиналето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада.Во контекст на тоа вели тој оди и брзото приведување на сторителот. Инцидентот претходно најостро го осудија од македонската влада и го оценија како недозволив и вандалски чин, рекоа дека секој обид за предизвикување тензии и ширење омраза ќе биде максимално санкциониран. Тошковски најави дека обвинителството ќе го води случајот како приоритетен. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
ЕвропаВидео: Украински дрон ја проби одбраната на Москва, гори рафинерија Вонредна состојба на аеродромите, украински дрон ја оштети московската рафинерија за нафта, објави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Во текот на изминатите 24 часа, нападите на непријателските дронови врз Москва продолжија. Едно од дроновите оштети објект на територијата на Московската рафинерија за нафта. Немаше жртви“, напиша Собјанин на платформата Max, пренесува РИА Новости. Седиштето на Министерството за вонредни ситуации во Москва потоа објави дека пожарот на територијата на компанијата е локализиран и дека ситуацијата е под контрола. Moscow oil refinery right now 🔥 Note the anti-drone nets that clearly didn't help much 🤭 pic.twitter.com/sL0l1oxPUH — Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) June 16, 2026 Собјанин рече дека од почетокот на денот, системите за воздушна одбрана собориле 60 дронови што летале кон градот. Аеродромите Домодедово, Шереметјево и Внуково привремено воведоа ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, според руската агенција.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЈошко Гвардиол останува во Манчестер СитиХрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол дефинитивно решил да го одбие Реал мадрид и да остане верен на Манчестер Сити до 2031 година.Јошко Гвардиол останува во Манчестер Сити. По месеци шпекулации за можен трансфер во Реал Мадрид, хрватскиот репрезентативец стави крај на сите гласини и потпиша нов договор со англискиот гигант. Веста прв ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, кој потврди дека договорот е склучен и дека Гвардиол ќе остане на „Етихад“ до летото 2031 година. Раководните луѓе на Манчестер Сити одлучија да го наградат хрватскиот дефанзивец со подобрени финансиски услови, сметајќи го за еден од најважните играчи на клубот за сегашноста и иднината. Откако пристигна во Манчестер Сити во 2023 година, Гвардиол прерасна во еден од најпочитуваните дефанзивци во европскиот фудбал. Неговата способност да игра како централен и лев бек, како и сигурноста при изнесување на топката од својата половина, го направи важен дел од системот. Новиот спортски директор Уго Вијана и тренерот Енцо Мареска наводно инсистирале клубот што поскоро да го заврши продолжувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38