Вардар со нов пораз од Киелце се збогува од Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар со нов пораз од Киелце, го завршија својот настап сезонава во Лигата на шампионите.


На гостувањето во Полска, вардарци го загубија реванш натпреварот од четвртфиналето од Киелце овој пат со 33:31.

Првите десет минути се играше гол за гол, по што следуваше серија на домашните од 3:0 за прво водство од +2 (7:5), кое ракометарите на Киелце го одржуваа до крајот на првото полувреме 16:14.

Во вториот дел Киелце во три наврати имаше и три гола предност се до 36-минута кога резултатот беше 21:18. Сепак, црвено-црните не се откажаа, па со серија од 4:1 во 39-минута стигнаа до израмнување 22:22.

До крајот на мечот нашиот тим имаше и неколку можност да дојдат и до водство, но благодарение на голманот Шмал, домашниот тим не дозволи пресврт и на крајот славеше победа со конечни 33:31.

Алекс Душебаев со 7 голови беше најефикасен во редовите на македонскиот вицепрвак, за кој Игор Караџиќ придодаде 7, а Сергеј Горбок имаше 5 гола.
Киелце и се приклучи на Барселона во полуфналето. Кои ќе бидат преостанатите две екипи кои ќе играат на завршниот „Фајнал фор’’ турнир во Келн, ќе се знае вечерва по одигрувањето на преостанатите два реванш четвртфинални мечеви меѓу, Веспрем – ПСЖ (24:24 прв натпревар) и Кил – ПИК Сегед (29:31).

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер