Вардар со најмногу признанија во изборот на Сојузот на спортови на град Скопје - Канал 5

Вардар со најмногу признанија во изборот на Сојузот на спортови на град Скопје

Сојузот на спортови на Скопје, утре на свеченост ќе ги прогласи најдобрите спортисти во главниот град за 2017 година. Доминираат членови на ракометниот клуб Вардар.

Вардар со најмногу признанија во изборот на Сојузот на спортови на град Скопје
Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов ќе го понесе признанието за најдобар спортист во сениорска конкуренција, додека неговиот тим кој покрај европската титула, 2017-тата година ги освои и шампионските трофеи во регионалната СЕХА лига и беше најдобар во домашното македонско првенство, ќе бидат прогласени за најдобра екипа за 2017 година.

Тренерот на црвено-црните, Раул Гонзалес е најдобар тренер, а најдобар странски спортист е голманот на Вардар, Арпад Штербик. Доминацијата на вардаровото спортско семејство ќе ја заокружат ракометарките кои играа во големото финале на Лигата на шампиони.

За најдобар млад спортист признанието ќе го понесе каратистот на Макпетрол, Петар Заборски, кој го освои првото место на Универзијадата и Светскиот куп.
Свеченоста на доделувањето на наградите за најдобрите спортисти во град Скопје, за 2017 година, ќе се одржи утре во СЦ „Борис Трајковски“. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“.

Има само еден мал проблем: таква изјава нема.

Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС:

Објавете ја снимката.

Не медиумски наслов.

Не партиска интерпретација.

Не туѓо прераскажување.

Снимката.

Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело.

Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

Во демократијата имаме право на сопствено мислење.

Немаме право на сопствени факти.

А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“.

Сите го гледаат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер