Вардар со максимален ефект и по дербито против Металург - Канал 5

Вардар со максимален ефект и по дербито против Металург

Ракометарите на Вардар остварија уште една рутинска победа во домашната Супер лига, овојпат над Металург како гости со 31-27.

Вардар со максимален ефект и по дербито против Металург

Актуелниот шампион на Македонија и по овој 7-ми круг е прв на табелата со седум од седум односно 21 бода. Металург останува на петте бода и е шести.

Во вториот натпревар што се играше денеска бутел во Битола го совлада вториот тим На Еурофарм Пелистер си 26-25.

Бутел со 10 бода се искачи на третата позиција на табелата и е веднаш зад водечката двојка Вардар и Еурофарм Пелистер.

Двојката на Еурофарм Пелистер и натаму е на последното место со само 2 бода.

Утре ке се комплетира седмиот круг со натпреварите Охрид – Еурофарм Пелистер и Пролет – Струга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белфаст потона во насилство по бруталното убиство извршено од мигрант

Воден топ беше  распореден за растерување на голема толпа по втората ноќ на нереди во Северна Ирска по нападот со нож во Белфаст.

Белфаст потона во насилство по бруталното убиство извршено од мигрант

30 годишната Хади Алодид по потекло од Судан, се појави на суд под обвинение за обид за убиство. Тој е обвинета за напад со нож што се случи пред три дена во северен Белфаст, во кој Стефан Огилви беше тешко повреден. Неговото семејство доцна синоќа објави соопштение во кое .тие повикаа на мир, велејќи дека тоа е „единствениот пат напред“, додавајќи дека „многу мигранти даваат исклучително вреден придонес во општеството“..

Полицијата беше под постојан напад од група која фрлаше тули, шишиња и парчиња дрво .Јавниот превоз беше затворен низ Северна Ирска, а некои училишта вчера беа затворени. Центарот на градот Белфаст беше празен откако многу бизниси ги затворија своите работни места .

Групи маскирани мажи запалија куќи, автобус и автомобили, главно во Белфаст, принудувајќи голем број семејства да ги напуштат своите домови.

Молотови коктели беа фрлени и врз полицијата на голем број локации.Маскираните одеа од врата до врата обидувајќи се да нападнат странски државјани“полицијата вели дека корисниците на социјалните мрежи „означуваат имоти“ со објавување адреси онлајн или преку апликации „загрозуваат животи“ и може да извршуваат кривично дело.

Тие постојано повикуваат на смиреност и велат дека настаните предизвикале значителна штета на заедниците, ширеле страв и ризикувале невини животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува  судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува  судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Њујорк се врати од историски -29 за водство од 3-1 против Спарси

„Волшебните“ Никси се вратија од историски од - 29  за водство во големото финале против Сан Антонио на 3-1! 

Видео: Њујорк се врати од историски -29 за водство од 3-1 против Спарси

Долгиот пат назад кон врвот на НБА за Њујорк Никси е речиси завршен, а чекорот што го направија во среда навечер ќе се памети засекогаш.

Њујорк Никси надоместија негатива од дури 29 поени и се доближија до својата прва шампионска титула од 1973 година, откако ги победија Сан Антонио Спарс со резултат 107:106.

Херој на триумфот беше Ануноби, кој го постигна одлучувачкиот кош по одбиената топка на 1,2 секунди до крајот.

„Тоа мора да биде најлегендарниот шут во историјата на кошарката во Њујорк“, рече тренерот на Никсите, Мајк Браун.

Ануноби полета високо кон обрачот откако шутот за тројка на Џејлен Брансон се одби од предниот дел на обрачот, по што неверојатниот Ануноби ја уфрли топката во кошот за трет триумф во големото финале.

Њујорк, кој има само две шампионски титули во својата 80-годишна историја и не се појавил во финалето на НБА од 1999 година, сега има три меч топки за да освои прстен.

Првата можност доаѓа во петтиот натпревар, кој се игра во сабота навечер во Сан Антонио.

Малкумина можеа да замислат таков исход по првото полувреме, бидејќи Спарс влегоа на полувреме со огромна предност од 27 поени. Сепак, Бренсон го предводеше големиот пресврт со 36 поени, додека Ануноби го заврши натпреварот со 33.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер