Вардар со драматична победа над Загреб - Канал 5

Вардар со драматична победа над Загреб

Европскиот шампион Вардар забележа нова победа во СЕХА, откако славеше кај ППД Загреб со минимални 24:25 (13:11), во дербито од 15.коло на регионалната лига.

Вардар со драматична победа над Загреб
Победата за „црвено-црните“ ја донесе Игор Карачиќ, кој погоди во последниот напад за македонскиот тим, а на другата страна Страхиња Милиќ го одбрани ударот на Мраковчиќ за Хрватите и со тоа ги лиши од реми.

Циндриќ и Дибиров со по пет погодоци беа најефикасни кај Вардар, а голманот Страхиња Милиќ запиша 13 одбрани. Кај Загреб, Шушња заврши со пет постигнати гола, а Павлетиќ и Павловиќ додадоа по четири.

Македонскиот шампион по 15 натпревари во СЕХА има 14 победи и само едно реми. До крајот на регуларниот дел од сезоната ќе играат против Динамо Панчево (гости), Нексе (дома) и Војводина (гости)./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

​Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес

Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. 

ЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес

Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите.

Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите стандарди.

Во случајот со Стевчо Јакимовски, јавноста со право го поставува прашањето: како е можно постапки за кои денес некој се осудува, истовремено да бидат претставувани од актуелната власт како пример за „ефикасност“, „надминување на административни блокади“ и „заштита на јавниот интерес“?

Да потсетиме само пред неколку месеци актуелната власт предложи законски измени кои беа образложени како механизам за побрза реализација на објекти од јавен интерес и надминување на административните блокади. Според образложението, целта беше да се олесни изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и други капитални проекти преку поедноставени процедури.

Токму затоа денес граѓаните со право бараат одговор на едно суштинско прашање: Ако заобиколувањето на одредени административни процедури е оправдано кога се повикува на јавен интерес, тогаш по кој принцип слични постапки во други случаи се третираат како криминал?

Кога институциите испраќаат различни пораки за слични постапки, неизбежно се создава чувство на нееднаквост и селективност. А токму таквата перцепција ја поткопува довербата во системот повеќе од која било политичка дебата.

ЛДП не навлегува во судски постапки и не пресудува наместо судовите. Но, сметаме дека државата има обврска да обезбеди јасни, предвидливи и еднакви правила за сите. Она што е недозволиво во еден случај не смее да биде претставено како доблест во друг, а она што се оправдува со јавен интерес денес не смее утре да биде предмет на различен аршин.

Само преку доследна примена на законите, независни институции и еднаков третман за сите граѓани може да се врати довербата во правната држава.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години

СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години

Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни.

Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала од 14 милијарди денари.

За разлика од владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години отколку што СДС и ДУИ, исплатиле за 3 години.

Ова е вистината, а не конструкции на безидејната СДС која се обидува да ги манипулира земјоделците и граѓаните.

Во однос на сточарите и млекото, СДС како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко. Особено е апсурдно што токму СДС зборува за млекопроизводството, сектор во кој со месеци не беа исплаќани субвенции за предадено млеко.

Денес за прв пат после десет години во 2025 година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024 година. Зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024 година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар. И во производството на пченица лани за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.

Наместо поддршка, од СДС земјоделците добиваа празни ветувања и оправдувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер