РакометВардар сигурен на гостувањето во КумановоРакометарите на Вардар ја остварија осмата победа во првенството откако вечерва како гостин го совладаа МРК Куманово со 25:32. „Црвено-црните“ со овој триумф ја продолжија серијата без пораз во Супер лигата.Гостите имаа предност во текот на целиот натпревар, а тренерот Иван Чупиќ им даде шанса и на играчите кои имаат и помала минутажа. Најефикасни на натпреварот беа Александар Стојков (МРК Куманово) и јапонскиот интернационалец Харуки Кавада (Вардар) двајцата постигнаа по 7 голови. Ова беше втор натпревар од осмото коло од Супер лигата во првиот натпревар во средата Бутел – Струга 30:27. Утре се играат три натпревари: Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер, Прилеп – Охрид и Пролет – Алкалоид. Последниот дуел се игра на 21.октомври (вторник) меѓу Радовиш и Тиквеш. Вардар е лидер на табелата со 16 бодови, Алкалоид има 12, Еурофарм Пелистер и Бутел по 11. Тагови: Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инцидентиИлјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието. Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДСБројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година. Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција. Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00