РакометВардар се засили со туниски интернационалецПополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек. Станува збор за 23-годишниот Мохамед Тарик Бакар кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната. Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане до јуни 2025 година. Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим. Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона. Со доаѓањето на Бакар „црвено-црниоте“ добиваат уште еден десен бек, позиција во тимот на која настапува Томислав Јагуриновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностСончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од четврток попладне, ноќта кон петок и петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
МакедонијаСредба на Јавниот обвинител Савески со директорот на Финансиската полиција ИвановскиНа средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.Јавниот обвинител на Република Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата. На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со цел поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал со посебен акцент на спроведувањето на финансиските истраги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ристовски на отворањето на младинскиот фудбалски камп на „AC Milan“ во СкопјеМинистерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје.На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. -Овој спортски камп е убава и ретка можност нашите деца да се запознаат со филозофијата, дисциплината и вредностите на еден од најголемите и најтрофејни фудбалски клубови во светот. Можност да учат од врвни професионални тренери, да стекнат нови знаења и искуства и да ги направат своите први, но исклучително важни чекори кон остварување на своите спортски соништа – рече Ристовски. Министерот за спорт нагласи дека ваквите програми им овозможуваат на младите да ги усвојат не само техничките и тактичките вештини, туку и вредностите што ги гради спортот – дисциплина, посветеност, тимски дух, почит и одговорност. -Како поранешен спортист, многу добро знам што значи ваква можност и колку ова искуство може да биде поттик за овие деца да се посветат на спортот и на спортските вредности. Се надевам дека овој камп ќе прерасне во традиција, а ние сме тука како Министерство за спорт и како Влада да ги помагаме ваквите настани и да промовираме вистински вредности – истакна Ристовски. Организаторите потенцираат дека кампот комбинира високо ниво на технички тренинг, тактичка едукација и личен развој, помагајќи им на младите играчи да го откријат својот потенцијал и да ги подобрат своите фудбалски способности, истовремено прифаќајќи ги основните вредности на AC Milan. -Фудбалските кампови на Милан нудат уникатна можност за момчиња и девојчиња да ја искусат методологијата на еден од најуспешните клубови во светот. Тренинг сесиите се базираат на филозофијата на Академијата на Милан и се водени од официјални тренери, со фокус на подобрување на талентот на секој играч. Нашата мисија е да обезбедиме тренинг искуство на највисоко ниво, носејќи го истиот квалитет и професионализам што се нуди во Академијата на Милан – порачаа организаторите на кампот.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook