Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати
1Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати
РакометВардар СЦБТ во групата со Будуќност во ЛШ Женскиот ракометен шампион на Македонија тимот на Вардар СЦБТ денеска во Виена ги доби противниците во натпреварите по групи во Лигата на шампионите.Вардарки кој минатата сезона го освоија третото место на фајнл фор турнирот од Лигата на шампионите во новата сезона во елитното друштво ќе играат во Групата Б, против европскиот вицешампион Будуќност, германскиот Турингер, и победникот од вториот квалификациски турнир. Актуелниот победник во Лигата на шампионите , унгарскиот Ѓер ќе игра во Групата Ц заедно со екипите на Локомотива, Виборг и Савехоф. ЕХФ воедно објави дека натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција сезонава ќе се играат в петок. Во А групата ќе играат Крим, Хипо, Волгоград и Квалификант 1. Во групата Д се екипите на Ларвик, Мец, Баја Маре и Лублин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинатиБројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји. Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица. Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница. Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина. Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМДенеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МетеоСончево и топло, попладне нестабилноВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter