Вардар прв финалист во Купот на Македонија - Канал 5

Вардар прв финалист во Купот на Македонија

Вардар рутински го совлада Пелистер со 27:46 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.

Вардар прв финалист во Купот на Македонија

На завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола, Пелистер не го искористи домашниот терен и претрпе огромен пораз од 19 поени разлика.

Домаќините во првите неколку минути пружија посериозен отпор и имаа дури водство од два гола, но Вардар очекувано и без проблеми воспостави контрола на теренот и на паузата замина со предност од 12:20.

Во второто полувреме „црвено-црните“ продолжија со истото темпо и само ја зголемуваа предноста до конечните 27:46.

Вардар во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Еурофарм Работник и Металург./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциите

Мицкоски повторно лаже, се расфрла со лажни бројки за некакви големи успеси во земјоделството. 

СДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциите

Тоа најдобро го знаат земјоделците, колку и да сака да ги изврти, вистинските бројки го разобличуваат секој обид на Мицкоски да манипулира со реалната состојба во земјоделството и загубите што ги трпат земјоделците овие две години.

Податоците на Платежната агенција за сумите за исплатата на субвенциите се јавно објавени и достапни.

Вистината е дека Владата на СДСМ во периодот од 2021 до крајот на мандатот има исплатено вкупно 30 милијарди денари субвенции од Програмите за директни плаќања и за рурален развој.

Владата на ВМРО-ОКГ од почетокот на мандатот до денеска исплатила 15 милијарди денари, што е двојно помалку.

Значи ниту половина!

Ова се податоци од годишните извештаи на Платежната агенција, јавно објавени, достапни за секој кој сака да ја знае вистината.

Ајде да ги видиме бројките за тутунот.

Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. Во 2023 година, во време на СДСМ, беше 365 денари, а во 2024 година, исто така во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата изнесуваше 100 денари, која ВМРО ја намали.

Значи, во време на СДСМ цената на тутунот порасна за повеќе од 100%, а во време на ВМРО само ниту за 10%.

Фатен во лага, Мицкоски се обидува да го сокрие хаосот со исплатата на субвенциите со наводна исплата на стари долгови.

Вистината е дека во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции ги оставија полјоделците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп.

За какво партнерство зборува Мицкоски и со кое лице им се обраќа на земјоделците? Земјоделците не сакаат криминалец за партнер, кој гледа само како да скрати од нив и да зграби повеќе за своите луксузи и криминални тендери.

Мицкоски нека одговори зошто земјоделците денеска добиваат двојно помалку субвенции отколку за време на СДСМ и зошто доцни исплатата?

Вистината и реалноста е дека тој и неговата криминална организација ВМРО го доведоа земјоделството до колапс. Мицкоски нема пари за земјоделците. Пари има само криминални тендери.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Денеска (15.06.2026) на подрачјето на Полициската станциа Центар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања од областа на имотни деликти - „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, за да не предизвикуваат оштетување на нивните возила и крадење на оставените вредни предмети.

Притоа, по случаен избор на возилата беа оставани летоци со едукативна содржина.

На 15.06.2026 на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мото ,,Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“. За време на активноста до велосипедистите и возачите на тротинети беше упатена порака да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, на учесниците во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина, односно за важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за реконструкција на Градскиот базен Кавадарци

Во моментот интензивно се работи на партерното уредување околу базените, додека во двата базени завршува монтажата на новите плочки.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за реконструкција на Градскиот базен Кавадарци

Монтирана е и платформата за тобоганите, а паралелно се врши санација на летниковците. Чекор по чекор, Градскиот базен добива нов лик и ќе прерасне во модерен и функционален воден парк за сите генерации, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер