РакометВардар против Татран ќе брка победа со пет голови разлика Македонскиот ракометен шампион Вардар за два дена го очекува натпревар со Татран Прешов во СЕХА-лигата.На минатонеделното гостување во Словачка, „црвено-црните“ загубија со 27:23, па во возвратнио дуел посакуваат победа со пет голови разлика. Тренерот на Вардар, Владо Недановски - На гостувањето кај Татран добро почнавме, но уморто и невоиграноста си го сторија своето. одигравме добро, имавме и водство, но потоа дојде до пад во играта. За претстојниот натпревар добро се подготвуваме. Ја анализираме играта на противникот. Ќе одиме на победа, по можност да биде изразена со повеќе од четири голови разлика. Имаме повредени, но ќе направиме се да ги освоиме бодовите. Натпреварот ќе се игра в пето со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДве лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка.На 08.06.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријави дека на 08.06.2026 на подрачјето на општина Аеродром неговата поранешна сопруга Е.А. физички ги нападнала нивните две малолетни лица и него, при што употребила и тврд предмет. На 09.06.2026 во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 35-годишна поранешна партнерка. На 09.06.2026 во 22:00 часот во СВР Штип, 57-годишна жена од Штип пријави дека нејзиниот поранешен партнер А.М.(48) од демиркаписко село ѝ се јавил телефонски и ѝ упатил закани нејзе и на нејзиното семејство. За настанот е запознаен јавен обвинител и претставник на Центарот за социјални работи Штип. На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, а детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово. На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Република Албанија, со привремен престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот сопруг Ј.М.(48) од гостиварско, со кого се во бракоразводна постапка, со месеци не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел. На 09.06.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки. Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
БалканФабрика во Загорје во пламен: „Работам тука седум години, без зборови сум“ (ВИДЕО)Во 16:22 часот, Центарот за противпожарни операции добил пријава за пожар во производствениот погон на компанијата во Пустодол Зачретски, населба во рамките на општина Свети Криж Зачретје, објави Полициската управа Крапина-Загорје.Порталот „Загорје Интернешнл“ објавува дека фабриката за дизајнерски мебел „Просторија“ е во пламен. Пожарот се гаси. Очевидци рекоа дека пожарот започнал од мала настрешница со многу отпад од сунѓери. Пристигна и брза помош „Штом ги слушнавме сирените за пожар, видовме огромен црн облак од чад и пламен над покривот на фабриката, сè до Цигленица Загорска“, изјавил очевидец за „Загорје Интернешнл“. „Работам тука седум години, без зборови сум. Настрешницата е таму горе... Не можам“, рекол еден од работниците низ солзи. На местото на настанот пристигна и брза помош, наводно од превентивни причини. „Не е добро. Главната зграда е практично готова, пожарникарите се обидуваат, но ситуацијата е многу лоша. Катастрофа“, рече Марко Кос, градоначалник на Свети Криж Зачретје. Тој истакна дека гасниот систем е затворен од претпазливост бидејќи фабриката има сушара на гас. „Голем објект во сопственост на компанијата Просторија е во пламен, вклучувајќи ги и душеците. Пожарот е голем, сè уште не е под контрола. На местото на настанот има околу 50 пожарникари, но собираме повеќе сили. Има и 15 противпожарни возила“, изјави за Загорје Интернешнл командантот на Јавната противпожарна служба, Дражен Синковиќ.Тагови: пожар Загорје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50