Вардар Про против силниот Загреб ќе ја брани титулата во СЕХА

Нашиот ракометен вице првак Вардар Про вечерва во големото финале во Борис Трајковски против шампионот на Хрватска Загреб ќе го брани трофејот освоен во премиерната сезона од регионалната СЕХА лига.





Црвено црните со поддршка од своите верни „Комите“ вечерва од 19 часот во арената Борис Трајковски во Скопје ќе се обидат да поразот уште еден редовен учесник во Лигата на шампионите и да го задржат вредниот пехар од СЕХА лигата во своите витрини.

Вардар Про во македонското полуфинале во регионалната лига го изненади големиот ривал Металург и по втор пат си обезбеди место во големото финале на СЕХА .

Поранешниот европски шампион Загреб пак во полуфиналето триумфираше над белорускиот Брест Мешков со 31 -29 и вечерва како гостин ќе се обиде да му се реваншира на Вардар Про за минатогодишниот пораз на домашен терен во полуфиналето од на регионалната лига.
Според предводникот на црвено црните Вујовиќ , Загреб е противник за респект, неговиот тим само со максимално ангажирана игра може да се надева на триумф
Во регуларниот тек од лигата Вардар Про и Загреб во меѓусебните средби остварија по една победа пред своите симпатизери.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер