Вардар поразен во финалето на Кумел Купот во Германија - Канал 5

Вардар поразен во финалето на Кумел Купот во Германија

      Ракометарите на македонскиот ракометен првак Вардар претрпеа тежок пораз од Магдебург со 31-20 во финалето на Хумел куп во Германија.

Вардар поразен во финалето на Кумел Купот во Германија

Турнирот беше последна проверка за црвено-црните пред четврфиналната пресметка во СЕХА лигата со Загреб и почетокот на официјалната сезона за македонскиот шампион.

Вардар в четврток го пречекува Загреб во првиот меч за пласман на фајнал фор турнирот во СЕХА-лигата што ке се одржи во задар на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Њујорк се врати од историски -29 за водство од 3-1 против Спарси

„Волшебните“ Никси се вратија од историски од - 29  за водство во големото финале против Сан Антонио на 3-1! 

Видео: Њујорк се врати од историски -29 за водство од 3-1 против Спарси

Долгиот пат назад кон врвот на НБА за Њујорк Никси е речиси завршен, а чекорот што го направија во среда навечер ќе се памети засекогаш.

Њујорк Никси надоместија негатива од дури 29 поени и се доближија до својата прва шампионска титула од 1973 година, откако ги победија Сан Антонио Спарс со резултат 107:106.

Херој на триумфот беше Ануноби, кој го постигна одлучувачкиот кош по одбиената топка на 1,2 секунди до крајот.

„Тоа мора да биде најлегендарниот шут во историјата на кошарката во Њујорк“, рече тренерот на Никсите, Мајк Браун.

Ануноби полета високо кон обрачот откако шутот за тројка на Џејлен Брансон се одби од предниот дел на обрачот, по што неверојатниот Ануноби ја уфрли топката во кошот за трет триумф во големото финале.

Њујорк, кој има само две шампионски титули во својата 80-годишна историја и не се појавил во финалето на НБА од 1999 година, сега има три меч топки за да освои прстен.

Првата можност доаѓа во петтиот натпревар, кој се игра во сабота навечер во Сан Антонио.

Малкумина можеа да замислат таков исход по првото полувреме, бидејќи Спарс влегоа на полувреме со огромна предност од 27 поени. Сепак, Бренсон го предводеше големиот пресврт со 36 поени, додека Ануноби го заврши натпреварот со 33.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни американски напади врз Иран. Итен одговор: „Регионот ќе стане пекол“

САД започнаа нова рунда напади врз повеќе цели во Иран преку ноќ, соопшти американската војска, додека претседателот Доналд Трамп вети повеќе напади доколку не се постигне мировен договор.

Силни американски напади врз Иран. Итен одговор: „Регионот ќе стане пекол“

Иран одговори со контранапади врз американски цели во Кувајт и Бахреин.

Висок ирански воен функционер издаде остро предупредување до САД и нивните сојузници, велејќи дека Иран би можел „да го претвори целиот Блиски Исток во пекол“ доколку се наруши безбедноста во Ормутскиот теснец.

Заканата доаѓа откако Корпусот на иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека теснецот е „затворен за сите бродови“ како одговор на новите воздушни напади на САД, тврдење што американската војска брзо го негираше, тврдејќи дека поморскиот сообраќај се одвива нормално.

„Го правите светиот Ормутски теснец небезбеден?! Ќе го претвориме регионот во пекол за вас, и од територијата на целиот Иран“, рече командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Сејед Маџид Мусави, како што објави полуофицијалната новинска агенција Мехр на Иран рано утрово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 33 степени, утре повремени врнежи од дожд

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. 

Сончево и топло со температура до 33 степени, утре повремени врнежи од дожд

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.

Температурата низ државата се очекува да се движи од 10 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје, температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.

Утре се очекува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец – над 60 километри на час, а дневната температура да опадне од 5 до 7 степени.

Во деновите од викендот, според најавите на УХМР, времето ќе биде стабилно и посвежо. Температурите од понеделник повторно ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер