Вардар поразен од Веспрем - Канал 5

Вардар поразен од Веспрем

Македонскиот ракометен првак Вардар на првиот домашен меч во Лигата на шампионите во 2019 година против Веспрем загуби со 27-29 (16-11) и падна од второто место во групата „А“ во ракометната елита.

Вардар поразен од Веспрем

Прво име кај Веспрем беше Лекаи со седум гола, Наѓ даде шест, а Ненадиќ постигна четири гола, додека кај Вардар, Дисингер даде пет, а Скубе и Стоилов завршија со по четири гола. Во наредното коло од Лигата на шампионите, кое е закажано на 23 февруари, Вардар гостува кај Кристијанштад, додека Веспрем ќе му биде домаќин на Мешков Брест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со макарони и туна

Во петок (05.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Софија Теодор.

„Гответе со Дракче“ -  Салата со макарони и туна

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ситни макарони

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

2 чешниња лук

1 голема конзерва туна

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста.

Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти.

Се работи на Законски измени кои предвидуваат воведување на задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. Дополнително, се зајакнува контролата при отворање на нови деловни простории, при што ќе биде потребна претходна согласност од Министерството за финансии, со утврдени критериуми за условите на работење.

Со измените се предвидува и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и укинување на исплатите во готовина, со што кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка. Целта е поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интерву за Телма Телевизија истакна дека измените се резултат на засилени контроли и утврдени недоследности во работењето на дел од финансиските друштва.

“Имаме законски измени кои што ги подготвуваме во периодот што следи. По спроведените контроли утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот“,кажа министерката.

Како што појасни министерката, досегашните контроли резултирале со утврдени неправилности, а во одредени случаи биле преземени и мерки како одземање на лиценца. Дел од постапките се иницирани и по пријави од граѓани, кои, како што нагласи министерката, имаат значајна улога во откривањето на неправилности.

Со овие измени според Димитриеска-Кочоска се очекува значително зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка.

Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област. Од турска страна, домаќин на настанот ќе биде министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат, а организацијата ја спроведуваат Министерството за трговија на Република Турција и DEİK – Советот за надворешни економски односи.

Форумот ќе ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе биде учесник на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

На маргините на форумот, министерката Божиновска ќе оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на турските инвестиции во Македонија, како и потенцијалите за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на стратешките индустрии.

Бизнис форумот претставува важна платформа за поврзување на институциите и деловната заедница од двете држави и дополнителен поттик за јакнење на економските врски меѓу Македонија и Турција, како и за отворање нови можности за инвестиции и одржлив економски развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер