РакометВардар поразен на гостувањето кај Ран-Некар Македонскиот ракометен првак Вардар е поразен на гостувањето во Германија од Ранх-Некар со 28-27. На натпреварот од 11.коло во Лигата на шампионите одигран вечерва во Франкфурт македонскиот шампион не успеа да го совлада силниот германски тим кој благодарение на поголемата среќа, но и неври во финишот на мечот стигфна до минималната победа. Во редовите на Вардар најефикасен беше Сергеј Горбок кој средбата ја заврши со 7 постигнати гола, додека Алекс Душебаев и Тимур Дибиров постигна по 5 гола. По овој пораз црвено-црните остануваат на петата позиција на табелата сега со три бода помалку од Рајн-Некар односно еден од унгарски ПИК Сегед. Ова беше дуел од Б групата во која попладнево се одигра и средбата Кристијанштад – Киелце која заврши без победник 35-35. Преостанатите два меча од оваа група ќе се играат во недела, а во нив ќе се сретнат, Монпелје – Барселона и Пик Сегед – Колдинг. Во групата А, вчера беше одигран првиот меч во кој ПСЖ како гостин го победи ППД Загреб со 25-23. Во оваа конкуренција во сабота ќе играат, Висла – Целје и Бешикташ – Веспрем, а дуелот меѓу Фленсбург – Кил ќе се игра во недела. А група – табела: ПСЖ 16 бодови, Фленсбург 16, Веспрем 15, Кил 11, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 3 и Бешикташ 2. Б група – табела: Барселона 15 бодови, Киелце 15, Рајн-Некар 15, Пик Сегед 13, Вардар 12, Монпелје 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 2./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази Романските власти објавија дека уапсиле руски државјанин обвинет за собирање стратешки информации за саботажни операции во земјата-членка на ЕУ и НАТО од февруари до јули.Романската разузнавачка служба во соопштението наведува дека „во соработка со домашни и меѓународни партнери спречила“ операција „координирана од Русија“, следејќи го моделот што се гледа во Европа. Четириесетгодишниот шпион е осомничен за фотографирање и снимање опрема во неколку поморски и воздухопловни бази што ги користат сојузниците на Романија, особено во главниот град Букурешт. Тој ги документирал движењата на персоналот и борбената опрема, вклучувајќи ги и „украинските товарни авиони Антонов“. Romania has arrested a Russian man for spying on its military bases, thwarting an attempted sabotage plot. Find out more about the suspect 👇https://t.co/oRmoSdxoE2 pic.twitter.com/X9sgGIWVM7 — The Telegraph (@Telegraph) September 9, 2026 Според соопштението од обвинителството, кое побарало негово апсење, рускиот државјанин дејствувал по наредба на друго лице кое ги координирало операциите преку шифрирани услуги за пораки. Романските власти изјавија дека веќе спречиле слични обиди во 2024 и 2025 година. Европската унија го осуди зголемениот број руски хибридни напади на почетокот на септември. Москва постојано негира вмешаност во овие операции. Од друга страна, молдавската полиција објави дека 49-годишен маж од азербејџанско потекло е приведен поради сомнение за „неовластено собирање информации во име на претставници на специјалните служби на Руската Федерација“.Тагови: Романија шпион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗејнеп има 22 години и стана главен тренер на турски фудбалски клуб (ФОТО)Турскиот фудбал доби една од поинтересните приказни во последните денови. Тургутлуспор, клуб од градот Тургутлу во покраината Маниса, ја назначи 22-годишната Зејнеп Местан за тренер на првиот тим. Со тоа, Местан стана првата жена на клупата на сениорскиот тим во историјата на тој клуб. Иако е клуб кој денес игра во пониските рангови на турскиот фудбал, Тургутлуспор има побогата историја отколку што може да се заклучи од неговиот сегашен статус. Клубот е основан во 1984 година со спојување на Топракспор и Тукашспор, а својот најголем успех го постигна во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите. Во неколку наврати, тој играше во втората лига на турскиот фудбал, тогашната ТФФ 1. Лига, и беше блиску до влегување во највисоката лига. Тургутлуспор е стабилен член на професионалните лиги со години, но во последните години доживува тежок пад. По испаѓањето од професионалниот фудбал и борбата со финансиски проблеми, клубот заврши во аматерските редови, а минатата сезона доживеа историски пад во Маниса Супер Аматоер Лиг, шестата ранг-лига во турскиот фудбал. Прва голема тренерска работа Во обид да се направи нов почеток, клубот одлучи да ѝ даде можност на многу млад тренер. Местан е родена во 2004 година, а пред да ја преземе улогата на тренер, таа беше активна фудбалерка. Настапуваше за неколку женски аматерски клубови во Турција, меѓу другите за тимови од Измир и околината. View this post on Instagram A post shared by TURGUTLUSPOR ® (@turgutluspor_kulubu) „На Зејнеп Местан, која ќе ја предводи новата структура и професионална организација на нашиот клуб, ѝ посакуваме многу успех под нашиот црвено-црн грб. Се надеваме дека овој нов период ќе донесе добро за нашата заедница, клубот и сите наши навивачи“, објави Тургутлуспор по нејзиното назначување. View this post on Instagram A post shared by Zeynep Mestan (@zeynepmestn) Ова ќе биде првиот голем тренерски предизвик на Местан, а пред неа е задачата да го врати клубот во професионалните лиги. Тургутлуспор имал неколку познати играчи и тренери во својата историја, вклучувајќи го и поранешниот турски репрезентативец Јусуф Шимшек, кој го водеше клубот како играч-тренер на почетокот на 2010-тите. Нејзиното назначување привлече внимание бидејќи жените во машкиот фудбал се уште се реткост, особено на позицијата главен тренер на сениорскиот тим.Тагови: тренер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски.Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски за неширење на нуклеарно оружје, соопштија денес дипломати. Оваа резолуција е продолжение на претходната, изгласана на 12 јуни минатата година, еден ден пред Израел да започне со бомбардирање на нуклеарните постројки на Иран, по што набрзо потоа следеа и САД, и која утврди дека Иран не ги почитува гореспоменатите обврски. Пријавувањето на тоа кршење до Советот за безбедност бараше дополнителна резолуција. Иако Советот за безбедност веројатно нема да преземе конкретни мерки против Иран, со оглед на тоа што неговите сојузници Русија и Кина се постојани членки со право на вето, овој потег е чекор напред во дипломатскиот конфликт меѓу Иран и западните сили. Иран предупреди завчера дека ќе возврати доколку резолуцијата биде прифатена. Русија, Кина и Нигер гласаа против Текстот предложен од САД, Велика Британија, Франција и Германија беше усвоен со 23 гласа „за“, три „против“ и осум „воздржани“, изјавија дипломати на состанокот зад затворени врати на Меѓународната агенција за атомска енергија. Русија, Кина и Нигер гласаа „против“, рекоа тие. „(Комитетот) бара од генералниот директор на МААЕ да ја извести оваа резолуција и претходно усвоените резолуции... до сите членови на Агенцијата, Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации, во согласност со релевантните одредби од Статутот на МААЕ“, се вели во резолуцијата. Иако наводното непочитување датира од пред војната меѓу САД и Иран и се однесува на неуспехот на Иран да го објасни потеклото на трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации што агенцијата ги истражува со години, сега постои нов конфликт околу пристапот на агенцијата (МААЕ) до тие локации што Израел и САД ги бомбардирале.Тагови: Иран МААЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook