Вардар подготвува нова дружба со фановите - Канал 5

Вардар подготвува нова дружба со фановите

Ракометниот клуб Вардар повторно ќе им овозможи на своите навивачи дружба со ракометарките и ракометарите од таборот на македонскиот шампион.

Вардар подготвува нова дружба со фановите
- Сите љубители на ракометот и поддржувачи на „црвено-црните“ ќе имаат можност да се запознаат со нашите играчи, да поразговараат со нив, да им постават прашање и секако, да се фотографираат и да добијат автограми. Вардар подготви и посебно изненадување за сите кои имаат ракометни афинитети. Натпреварувајте се, постигнете гол и добијте вредни награди и многу повеќе, стои во повикот од РК Вардар.

Настанот ќе се случи утре од 12:30 до 13:30 часот, на плоштад „Македонија".

Целата дружба ќе претставува заедничко загревање за најавениот спектакл, натпреварот против Висла Плоцк в сабота во 18 часот, на кој ракометарите на Вардар ќе атакуваат на победа и пласман во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на власт

За СДС сите се криви, само нивниот талог не е.

ВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на власт

СДС, овој пат со ликот на мали Фрчко, син на долгогодишниот идеолог чии совети партијата ја донесоа на биолошкиот минимум, пак во сите бара вина и од сите бара одговорност.

Но од нивниот коалициски партнер за кој во Гостивар, градоначалникот Лимани со кој ја делат локалната власт, не бара ни одговорност ниту бара одговори за состојбата со водата и нејзиниот квалитет.

Извештаите под надлежност на централната власт за водата во Гостивар веќе се објавени, но СДС нема доблест да ги побара тие што се под надлежност на локалните институции.

Затоа што ако тоа го направи, ќе треба од самата себе да бара одговори, зошто заедно со партијата на Таравари, СДС ја води општината и нејзините институции.

На мали Фрчкоски, кој заедно со неговите партиски другари од СДС, ниту отидоа во Гостивар, ниту на граѓаните им однесоа некое шише вода за време на најголемата криза која ги зафатила, најмудро му е да молчи како за водата, така и за другите теми.

За коленичење зборува човекот кој од клупа е на функција, државна или партиска во СДС, кој за ден повеќе на власт коленичеше и како черга се распосла пред коалицискиот партнер ДУИ, а за да дојде на власт пак коленичи кај странски држави, мислејќи дека со изгубени избори пак ќе ги донесат на власт.

Зборуваме за пораз на СДС на избори, затоа што сите анкети, но и граѓаните како на неколкуте последователни изборни циклуси, јасно кажуваат дека предавничката СДС ќе доживее уште еден дебакл, кога и да се случат изборите, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија

Сите седум лица загинаа кога туристички хеликоптер денеска се урна на планината Ололокве во Кенија, потврдија локалните власти.

Седуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија

Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Ниро, пишува Euronews.

Кениската управа за цивилно воздухопловство објави дека станува збор за моделот Eurocopter EC130 B4. На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа густ црн чад од местото на несреќата во подножјето на планината.

Потврдени се седум жртви

„Во хеликоптерот имало седум лица – пилотот и шест патници“, изјави Фредрик Кабунге, директор на Одделот за истрага на воздухопловни несреќи, за АФП. Тој потврди дека хеликоптерот превезувал туристи на панорамски лет и дека никој не преживеал.

Тешка акција на теренот

Црвениот крст на Кенија објави на платформата X дека нивните тимови за одговор при итни случаи се на терен во округот Самбуру. Тие во моментов работат со други агенции за пристап до местото на несреќата.

„Потрагата и извлекувањето е во тек, но акцијата е отежната поради непристапниот терен и пожарот на местото на несреќата“, се вели во подоцнежното соопштение на Црвениот крст. Тие додадоа дека дополнителен тим бил испратен од Исиоло ​​за да помогне во операцијата.

Информациите се уште се собираат, а нови детали ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“.

Трамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“, што укажува на продолжување на директната дипломатија со Пјонгјанг, објави Фокс њуз.

Американскиот лидер направи ненајавена обиколка на Белата куќа и го откри планот пред новинарите.

„Се сложувам многу добро со него. Очекував да се сретнам со него подоцна оваа година. Да, ќе се сретнам“, рече Трамп.

Трамп не сакаше да каже дали разменил писма со Ким Џонг-ун.

„Не можам да ви кажам тоа“, кратко рече Трамп.

Американскиот претседател постојано го истакнуваше својот личен однос со севернокорејскиот лидер како предност, нарекувајќи го Ким „многу моќен играч“ и велејќи дека можноста за поттикнување квалитетни односи е „добра работа, а не лоша работа“.

Трамп не го прецизираше датумот или локацијата на можната средба, а овие лидери последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година. Сепак, пред војната во Украина и Израел, најавената средба потенцијално би можела да биде од историско значење за целата планета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер