Вардар победи на гостувањето кај Шкупи - Канал 5

Вардар победи на гостувањето кај Шкупи

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига Вардар успеа да оствари победа од 1:0 на гостувањето кај Шкупи на стадионот „Чаир“. Стрелец на единствениот гол беше Хуан Фелипе во 70.минута. Ова воедно беше и дерби на 24.коло. Инаку, натпреварот имаше и мал прекин во финишот на првиот дел кога од трибините со предмет беше удрен играчот на Вардар Горан Попов.

Вардар победи на гостувањето кај Шкупи
Единствената победа на домашните екипи во оваа рунда ја постигна Силкес, кој во Кратово ја совлада Ренова со 1:0. Гостински победи попладнево постигнаа Хоризонт Турново и Брегалница.

Резултати на натпреварите од 24.коло: Шкупи – Вардар 0:1, Силекс – Ренова 1:0, Младост Царев Двор – Брегалница 0:5, Металург – Хоризонт Турново 1:0 и Работнички – Шкендија 0:1 (вчера).

Табела: Вардар 61 бод, Шкендија 56, Силекс 37, Шкупи 34, Работнички 33, Хоризонт Турново 27, Брегалница 26, Ренова 25, Младост ЦД 16, Металург 13./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума.

Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев.

Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси?

Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!

Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. 

Видео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!

Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера.

„Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото.

Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки.

Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал.

Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства.

Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим.

Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември.

Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим.

Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата.

Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Двете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. 

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки.

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување.

Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи.

Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер