Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ - Канал 5

Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ

Вечните ривали Вардар и Пелистер ќе се соочат во првото коло на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ

Шампионот Шкендија ќе биде домаќин на Шкупи.

Двојки за 1.коло во ПМФЛ сезона 2025/26:

Тиквеш – Работнички

Башкими – Арсими

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Шкендија – Шкупи

Силекс – АП Брера

Вардар – Пелистер.

Натпреварите ќе се играат од 8 до 11 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца грчки пожарникари загинаа во пожари што се закануваат на делови од јужна Европа

Тројца грчки пожарникари загинаа гасејќи пожари на Крит и на Пелопонез.

Тројца грчки пожарникари загинаа во пожари што се закануваат на делови од јужна Европа

На Крит,а силните ветрови ги разгореа пожарите, што доведе до евакуација на неколку села, шумски пожари избувнаа и на други места во Грција, на островите Парос и Лезбос во Егејското море и во јужниот град Трифилија на грчкото копно.

Во меѓувреме, во Шпанија и Франција започна четвртиот топлотен бран ова лето, а пожарникарите се обидуваат да спречат разгорување на големите пожари кои штотуку беа ставени под контрола.

Во јужна Турција, главниот автопат што ги поврзува Фетије и Анталија мораше да биде затворен, а дел од болницата евакуиран поради пожар во покраината мугла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер