Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
РакометВардар падна на третата позиција во групата од ракометната Лига на шампиони Македонскиот ракометен првак Вардар кој до пред пет дена беше лидер во Б-групата од Лигата на шампионите се најде на 3.место по одигрувањето на првите два дуела од 8.коло на кои победи забележаа конкурентите на „црвено-црните“.Пик Сегед синоќа славеше со 34:32 на гостувањето кај Кристијанштад, додека Рајн Некар Ловен на домашен терен го совлада со Монпеље 25:21. На врвот на табелата е Барселона со 11 бодови, сега втор е Рајн Некар исто така со 11 бодови но послаба гол разлика од Каталонците. Вардар има 10 исто колку и ПИК Сегед, кој има натпревар повеќе. Следуваат Киелце 8, Кристијанштад 4, Монпеље 4 и Колдинг 2. Дуелот Вардар - Барселона со игра в недела со почеток во 17:45 часот. Вториот македонски претставник во елитното ракометно натпреварување, тимот на Металург вечер од 20 часот гостува во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗемјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар. Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот. Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.Тагови: земјотреси Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“Странските државјани преку веб апликација safecountry. Mov. Gov со мобилен интерфејс – „Безбеден град“.Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. „При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава“, соопштија од МВР... На овој начин, како што појаснија, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОхридско лето – 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметностСо четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Од свеченото отворање со грандиозната оперска гала „Љубов“, до завршните фестивалски денови, сцените на „Охридско лето“ беа места на средби на врвни домашни и странски уметници и бројна публика. Особено силен впечаток остави свеченото отворање на Античкиот театар, каде светската оперска ѕвезда Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и под диригентската палка на Марко Боеми, приредија спектакуларна музичка вечер. Интересот за концертот беше огромен, настанот беше распродаден уште две недели пред почетокот на фестивалот, а на Античкиот театар присуствуваа повеќе од 4.000 посетители. Но, рекордната посетеност не остана само белег на отворањето. И голем број други фестивалски настани беа распродадени уште пред нивното одржување, што е уште една потврда за огромниот интерес на публиката. Во текот на целиот фестивал се бараше билет повеќе, а преполните простори на фестивалските локации ја потврдија довербата што публиката ја има во „Охридско лето“ и неговата уметничка програма. „Зад нас се четириесет дена исполнети со врвна уметност, прекрасни концерти, силни емоции и публика која беше најголемиот успех на ова фестивалско издание. Особено ме радува што интересот беше огромен уште од самиот почеток, а голем број настани беа распродадени и пред да се одржат. Тоа е најубавата потврда дека публиката го препознава квалитетот кој го понудивме на ова 66. „Охридско лето“. Она што навистина ќе го паметиме се полните гледалишта, долгите аплаузи, емоцијата на публиката и незаборавните уметнички вечери“, вели директор на „Охридско лето“,Ѓорѓи Цуцковски. Во изминатите 40 дена Охрид беше домаќин на уметници со исклучителни кариери и препознатливи имиња од светската и европската културна сцена. Концертите донесоа различни музички естетики, од врвната класична музика и опера, преку камерните настапи, до современи музички форми со што на посетителите им се понуди разновидност, квалитет и незаборавни уметнички доживувања. Посебно место во програмата имаше OH, JAZZ 2026, со четири џез-вечери кои го збогатија фестивалскиот репертоар и донесоа современ звук и светски познати имиња. Публиката имаше можност да ги слушне и уметниците како Нубаја Гарсија и Питер Сомуа, во атмосфера која уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ успешно ги поврзува традицијата и современите уметнички текови. Фестивалот не беше само музика. Театарската програма понуди внимателно избрани претстави, а балетската вечер со „Кармен сюита“ и „Болеро“ внесе раскош, движење и визуелна динамика на фестивалската сцена. Во „Света Софија“ се одржаа и низа исклучителни камерни и вокално-инструментални концерти, меѓу кои и незаборавните вечери посветени на европската и светската музичка традиција. Значаен дел од фестивалската програма беа и настаните посветени на македонското културно наследство. Со посебно внимание беше одбележана 100-годишнината од раѓањето на Ана Липша-Тофовиќ, преку промоцијата на монографијата посветена на нејзиниот живот и творештво. Таквите содржини ја потврдија определбата на „Охридско лето“ истовремено да го следи современиот уметнички развој и да ги чува и афирмира големите имиња на македонската култура. Посебна музичка приказна и рекордна посетеност на сцените Предворје на Света Софија и Долни Сарај донесоа концертите на Стефан Миленковиќ, Ана и Игор Дурловски и Националниот џез-оркестар. Низ целиот фестивал се чувствуваше една заедничка енергија со задоволна публика, исполнети простори и долги аплаузи. Токму реакциите на посетителите беа најсилниот печат на овогодишното издание. За многумина, концертите, претставите и фестивалските вечери не беа само културни настани, туку вистински доживувања што ќе останат запаметени. „Овој успех е резултат на посветената работа на целиот фестивалски тим, но и на довербата и поддршката од Министерството за култура и туризам, нашите партнери, спонзори и пријатели и секако генералниот спонзор на фестивалот, А1 Македонија, чија поддршка и оваа година беше значаен дел од фестивалската приказна. Им благодарам на уметниците кои ја создадоа магијата, на тимот кој неуморно работеше таа магија да стигне до публиката и, пред сè, на публиката која со своето присуство покажа дека културата има сила да обединува, да инспирира и да создава незаборавни моменти. Охридско лето продолжува со уште поголема одговорност, уште повисоки стандарди и со јасна цел оваа македонска културна визит-карта да биде уште посилна и повидлива во светот“, додава Цуцковски. Шеесет и шестото издание на „Охридско лето“ остава зад себе 40 дена исполнети со врвна уметност, незаборавни средби и силни емоции. Остануваат спомените од прекрасните фестивалски вечери, аплаузите и енергијата на публиката, како и уверувањето дека „Охридско лето“ и понатаму ќе биде место каде што највисоките уметнички вредности се среќаваат со публиката во единствениот охридски амбиент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook