Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
2Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
РакометВардар одигра нерешено со СавеховВо натпреварот од 2.коло од групата 1 од главната фаза на Лигата на шампионите македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар СЦБТ попладнево одигра нерешено 27:27 (полувреме 15:15) на гостувањето кај Савехов. Шведската екипа водеше во најголемиот дел од натпреварот, но „вардарки“ го имаа последниот напад за победа. Савехоф добро започна и веќе во 9.минута водеше со 6:2 што беше прво водство од четири голови. По тајм-аутот на тренерот Индира Кастратовиќ „црвено-црните“ заиграа поангажирно во одбраната, но Савехоф повторно имаа +4 (11:7). Потоа Кастратовиќ на голот ја постави Ина Суслина, а Вардар СЦБТ направи серија 4:0 и првпат изедначи на 12:12. Суслина имаше 6 одбрани до крајот на првиот дел. И вториот дел почна слично со серија на Швеѓанките од 3:0 (18:15). Во 43.минута Савехоф имаше и +4 (23:19), но Вардар СЦБТ повторно резултатски се врати и изедначи 23:23. Савехоф повторно имаше два гола предност, но со двата гола од контра на Хмирова имаше ново изедначување 26:26. Со голот на Лекиќ исто така од контра Вардар во 59.минута го имаше првото водство, но Савехоф усепа да изедначи преку Алм. Токму Алм со 9 голови беше најефикасна на натпреварот, додека кај Вардар Андреа Лекиќ постигна 7 голови. Ина Суслина натпреварот го заврши со 13 одбрани, а кај ист број имаше и Филипа Иден кај Савехоф. Во натпреварот од оваа група одигран вчера Турингер – Митјиланд 26:24. Табела: Вардар СЦБТ 3 бодови, Турингер 2, Митјиланд 2, Савехоф 1. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите му веруваат на ПутинОколу седум од 10 Руси му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин и ја оценуваат позитивно неговата работа, покажаа две анкети на руските истражувачки центри ВЦИОМ и ФОМ.Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9 проценти не го одобруваат. Слични резултати покажа и анкетата на ФОМ. Околу 70 проценти од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 проценти не му веруваат. Ист процент, 70 проценти, веруваат дека Путин добро се однесува како претседател, додека 14 проценти имаат спротивно мислење. Разлики се забележани во оценката на работата на владата. Според ВЦИОМ, 45,2 проценти од испитаниците ја одобруваат нејзината работа, додека 24,2 проценти не ја одобруваат. ФОМ забележа дека 45 проценти од Русите веруваат дека владата добро си ја врши работата, додека 34 проценти ја оценуваат нејзината работа негативно. Кога станува збор за рускиот премиер Михаил Мишустин, 55,3 проценти од испитаниците во анкетата на ВЦИОМ изразиле доверба во него, додека 49 проценти од граѓаните ја оцениле неговата работа позитивно, според ФОМ. И двете анкети покажаа дека Единствена Русија би била убедливо најпопуларната партија доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела. Според ВЦИОМ, 39,2 проценти од испитаниците би гласале за неа, а според ФОМ, 32 проценти. Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 17 до 23 август меѓу 1.600 возрасни испитаници, со маргина на грешка од 2,5 проценти. Анкетата на ФОМ е спроведена од 21 до 23 август меѓу 1.500 испитаници, со маргина на грешка до 3,6 проценти. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПочина норвешкиот крал Харалд ПеттиКралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.Тагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter