Вардар очекувано во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија - Канал 5

Вардар очекувано во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Екипата на Вардар очекувано избори пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.

Вардар очекувано во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија
Црвено-црните денеска ги одиграа двата натпревари од осмина-финалната рунда. Најнапред го совладаа составот на Охрид со 36:19, а доцна попладнево беа подобри и од металург Јуниор со 36:20 .

Со тоа Вардар ја комплетира листата на екипи кои ќе играат на завршниот турнир закажан за претстојниот викенд на 17 и 18 мај во Охрид, а на кој пласман обезбедија и бранителот на трофејот од лани Металург, Зомимак М и Пролет.

Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе биде извршено утре во 11 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата

Потпишан договорот за градба на гасоводот со Србија вреден 29,4 милиони евра. 

Почнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата

Потпис на него денeска во владата ставија директор на АД „Номагас, Недим Рама, и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски.

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Сања Божиновска

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри.

Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија.

СДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!

Фројд вели: Ако личност која самата мами, лаже или манипулира постојано, ги обвинува другите за измама, лажење или манипулација, фројдовски би можело да се каже дека таа личност ја ослободува од себе сопствената неприфатлива содржина и ја препознава во другиот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија. Рече дека кај опозицијата „работи Фројд“ и дека ние мислиме дека сите се однесуваат како што се однесувале претходните власти - лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги граѓаните.

Што би рекол Фројд за Мицкоски?

Фројд би рекол дека станува збор за класична проекција.

Кога некој постојано зборува за тајни зделки, а истовремено тврди дека „ништо не правиме тајно“, кога најавува преговори со „голема мултинационална компанија“ без да каже која е, кога ја поврзува изградбата на гасни централи директно со дата-центри, а претходно со месеци ја криеше суштината на проектите - тоа е проекција на сопствениот начин на работа.

Фројд би го објаснил ова и како механизам на самоодбрана наречен одрекување.

Мицкоски тврди дека сè ќе биде јавно и транспарентно, а во исто време признава дека преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и дека една од нив е голема мултинационална компанија - но името, условите, количините на струја и вода што ќе ги трошат, локациите и гаранциите за граѓаните остануваат зад завесата.

Ова не е стратегија за развој. Ова е обид да се прикрие дека и овојпат се работи за истиот модел: ресурсите на државата (струја, вода, земја) да се стават во функција на странски интереси, додека домашните граѓани остануваат без одговори - исто како што останаа без одговори за Гостивар, за загадените реки, за анализите што никој не ги потпишал.

Мицкоски зборува за вештачка интелигенција, Nvidia, Amazon и SpaceX, а заборава да каже дека Македонија нема ниту основна енергетска стабилност, ниту јасни гаранции дека дата-центрите нема да ја исцрпат водата и струјата што им се потребни на граѓаните.

Фројд би рекол уште нешто: кога човек постојано ги обвинува другите дека лажат и крадат, а самиот одбива да даде конкретни имиња, договори и анализи - тоа не е само проекција. Тоа е признание.

СДСМ бара целосна транспарентност:

• Која е мултинационалната компанија?

• Кои се условите?

• Колку мегавати и колку вода се предвидени?

• Кои локации и под кои еколошки стандарди?

• Кој ќе гарантира дека граѓаните нема повторно да платат за туѓи профити?

Додека овие прашања остануваат без одговор, приказните за „јавност и транспарентност“ се само уште една проекција.

Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност

Нема подобри резултати во работата на Јавното обвинителство во 2025 година, иако бројот на обвинители бил зголемен за речиси 10 проценти. 

Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност

Ова го констатира самото Јавно обвинителство во годишниот извештај за работата кој пред собраниската комисија за политички систем го презентираше обвинителот Златко Биковски наместо државниот обвинител Ненад Савески кој поради работни ангажмани бил спречен да присуствува на седницата.

-Дали сме ја подобриле перцепцијата за довербата, мислам дека е подобрена но не е на нивото кое што треба да биде и далеку од тоа што било. Тоа е рак рана за сите нас, најмногу нас не боли и се вложуваат максимални напори да се надминат тие состојби. Дали може тоа да се направи за кратко време, нема да може. Тоа е изнесено во извештајот дека се должи на повеќегодишно занемарување во извршувањето на функцијата на јавните обвинители.Не дека тие не работеле, туку недоволно работеле,- изјави – Златко Биковски – Обвинител во ЈОРМ.

Искреноста во извештајот за слабостите во функционирањето на обвинителствата беше пофалена од дел од пратениците но и повод за кавги околу процесуирање на некои од предметите.

-Како тоа сега кога се смени власта во 2024 година за две и пол години не можете да процесуирате ниту еден случај. Два случаи на организиран криминал имате каде што во прашање се високи функционери. Двата се против функционер од ВМРО ПДМНЕ и СПМ. Вие немате се уште против функционери од СДСМ,- изјави – Малиша Станковиќ – Пратеник.

-Каков е овој начин на разговор овде во собранието. Треба да има боја тој што е виновен? Или вие правите така – абе дајте ни луѓе, ги чекаме две години да ги затворите! Треба да зборувате за ефикасност за тоа што треба да направат а не од која политичка партија треба да затворат за вие да бидете задоволни,- изјави – Соња Мираковска – Пратеник од НСДП.

Недостигот на јавни обвинители и потребата од пополнување на испразнетите места како главните проблеми во обвинителството беше посочен и во извештајот за работата на Советот на јавните обвинители кој го презентираше претседателот на ова тело Башким Бесими.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер