СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
2СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
3Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
РакометВардар му изрече едномесечна суспензија и парична казна на голманот Милиќ Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар поради недолично однесување и пијанство за време на престојот во српската репрезентација го казни својот голман Страхиња Милиќ.- Во врска со последните случувања во ракометната репрезентацијата на Србија, чиј член беше и голманот Страхиња Милиќ, ракометниот клуб Вардар смета дека однесувањето на нашиот член не е во согласност со спортскиот кодекс, иако тоа се случило надвор од теренот. Без оглед што се работи за натпревар во кој клубот не е вклучен, а бидејќи Милиќ е член на Вардар, сметаме дека со однесувањето истовремено го претставува клубот надвор од Македонија. Почитувајќи ги клупските правилници, Вардар му изрече временска суспензија од еден месец на Милиќ, и парична казна согласно клупските правилници поради ваквото однесување, со надеж дека истата ќе влијае позитивно на негово однесување во иднина, како на негов, така и на другите членови на екипата, се истакнува во информацијата на веб страната на РК Вардар. Милиќ на крајот од минатиот месец беше отстранет од репрезентацијата на Србија, бидејќи се вратил рано изутрина во хотелот во алкохолизирана состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
СветИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи,ќе трае шест денаИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој загина во американско-израелски напад на 28 февруари – настан што ќе претставува најголем државен погреб во историјата на земјата.Погребните свечености ќе траат шест дена во пет града, вклучително и во соседен Ирак, соопштија официјални лица. Погребните активности ќе започнат во сабота, кога телото на Хамнеи ќе биде изложено во молитвениот комплекс на Големата џамија во Техеран, а церемониите ќе продолжат до понеделник со погребна поворка низ улиците на иранскиот главен град, пренесува Ал Џезира. На 7 јули, погребната поворка ќе се пресели во светиот град Ком, а потоа во градовите Наџаф и Кербала во Ирак. Телото на Хамнеи ќе биде вратено во Иран за погреб во неговиот роден град Машхад на 9 јули, а се очекува ожалостени од целата земја и од странство да присуствуваат на церемонијата. Иранските власти изјавија дека очекуваат од 15 до 20 милиони ожалостени да присуствуваат на државниот погреб, а полицијата прогласи состојба на висока тревога за да го обезбеди настанот. Како што е најавено, на погребот ќе присуствуваат високи функционери и претставници од повеќе од 30 земји, вклучувајќи ги Русија, Кина, Пакистан, Индија, Грузија и Куба, додека ќе учествуваат и верски лидери од 90 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласовиПо насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови.Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина. Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски. Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор. Граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС. Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи. Знаеме и за 40 отсто од медиумите во Македонија кои се во сопственост на нивниот „голем брат“ Орбан, а во служба на ВМРО и Мицкоски. Знаеме и за Латас, кој е главниот човек за медиуми и уредувачка политика во име на Мицкоски. Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата. Знаеме и кој се занимава со увоз на струја со својот бизнис партнер од Србија, почесниот конзул. Сега сè е познато. И прашањето е јасно: Дали овие се доволни причини СДСМ да не дозволи ваквиот закон да помине? Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. Како што ги укина потпретседателите во ВМРО, така управува и во Владата. Целосен авторитаризам, на кој му е потребно и гласање на копче. За неговиот лагоден живот и луксуз му е неопходна власта. Само додека е на власт може да оди и на море, без да го болат колената. Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ЕвропаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лицаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад. Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој . Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.Тагови: русија Украинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter