Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
РакометВардар – Металург 25-25, за шампион ќе се решава на КалеАктуелниот македонски ракометен првак Металург не успеа да го победи Вардар Про и на тој начин со огромна веројатност да ја обезбеди шампионската титула.Како што јави МИА, по нерешените 25:25 попладнево во салата „Автокоманда“ првенството ќе биде решено по натпреварот на лутите ривали во „Кале“ на почетокот на идниот месец, кога вардарци ќе играат пред своите навивачи. Вардар на денешниот дуел влезе со примарна цел да остане непоразен. Во исполнување на таа желба најголема заслуга имаше голманот Страхиња Милиќ кој го одбрани ударот на Наумче Мојсоски во последните секунди, а претходно во серија не му дозволи на противникот да реализира три седмерци. Најголемото ракометно дерби на балканот и по првите 30 минути заврши без предност на една од екипите. „Црвено-црните“ беа подобар противник и го конролираа резултатот до последната минута кога домаќинот за кратко дојде во водство, но на полувреме се отиде со резултат 13:13. Во вториот дел Металург го диктираше резултатот, но предноста од 2-3 голови која ја имаше во поголемиот дел, на крајот не ја зачува. Најдобар играч во тимот на Металург беше Наумче Мојсоски со 10 постигнати голови, голманот Никола Митрески забележа 9 одбрани. Во гостинскиот тим Игор Карачиќ запиша 7 реализации, а голманот Милиќ имаше 10 одбрани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДокторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони Употребата на паметни телефони го зголемува ризикот од главоболки кај децата за 1,5 пати, а кај предиспонирани пациенти може да предизвика порано појавување на мигрена.Ова го изјави неврологот во Федералниот центар за неврохирургија во Новосибирск и вонреден професор на Одделот за невронауки на Државниот универзитет во Новосибирск, Галина Мојсак. Еквиваленти или прекурсори на мигрена „За жал, мигрените кај најмладите ретко се препознаваат на време денес. Честопати, возрасните ги толкуваат проблемите на децата како нормално преоптоварување на училиштето или замор. Сепак, првите напади можат да се појават уште на возраст од три до пет години“, објасни Мојсак. Таа забележа дека клиничката слика на мигрена кај децата може значително да се разликува од онаа кај возрасните. Болеста не секогаш започнува со карактеристична еднострана пулсирачка главоболка. „Покрај типичната болка од мигрена, децата доживуваат таканаречени еквиваленти или прекурсори на мигрена. Тие вклучуваат, на пример, повторливи, интензивни епизоди на повраќање во отсуство на гастроинтестинални или заразни причини или ненадејни напади на вртоглавица. Само по некое време, понекогаш месеци или години, овие симптоми се развиваат во класична главоболка“, нагласи специјалистот. Намалување на сивата материја во мозокот Според докторката, важно е родителите да не ги игнорираат повторувачките циклични поплаки на своето дете за лошо расположение и гадење, особено по преоптоварување или продолжено изложување на дигитални екрани, и навремено да се консултираат со педијатриски невролог. Мојсак претходно изјави за ТАСС дека луѓето кои страдаат од хронични мигрени (со напади што се случуваат повеќе од 15 пати месечно) доживуваат намалување на сивата материја во мозокот, што може да доведе до намалена концентрација и оштетување на меморијата. Таа наведе строго придржување кон дневната рутина, ограничување на предизвикувачите и одење во кревет во исто време како примарен метод за заштита на нервниот систем без лекови.Тагови: мигрена телефони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканКрдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)Уште една „прошетка“ на диви свињи во населено место е снимена вчера вечерта во Солун, вториот по големина град во Грција.Како што може да се види во видеото објавено на TikTok, вкупно 12 диви свињи се забележани во областа Харилау, објавија грчките медиуми. „Мислам дека вечерните излети завршуваат тука“, напиша жител на областа, кој го снимаше крдото диви свињи. 🐗🏙️ Αγριογούρουνα έκαναν βόλτα στη Θεσσαλονίκη Ανενόχλητη μέσα σε κατοικημένη περιοχή στη Χαριλάου κινήθηκε αγέλη αγριογούρουνων, με το βίντεο να γίνεται αμέσως viral στα social media. 🎥 @ninoudiii #parapolitikagr #Thessaloniki #Αγριογούρουνα https://t.co/xokszgTogh — Parapolitika (@parapolitika) September 22, 2026 Животните, кои можат да бидат исклучително опасни, мирно шетаа среде ноќ во потрага по храна, без никој да ги допре.Тагови: диви свињи солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАлбанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија Албанецот Албин Бејтулаху (23) од Вучитрн е осомничен за вмешаност во убиството на 15-годишно момче во Марсберг, Германија. Тој се предал на полицијата заедно со неговиот соучесник откако германските власти издале налог за претрес по нив, објави Билд. Полицијата во Дортмунд соопшти дека двајцата осомничени, на возраст од 22 и 23 години, се предале на властите. Претходно биле издадени налози за апсење поради сомнение за убиство со умисла и нанесување тешки телесни повреди. Според германските власти, тие се осомничени дека учествувале во тепачка во населбата Есенто во Марсберг во саботата, 19 септември, во близина на приватна роденденска забава. За време на тепачката, 15-годишникот од Дортмунд бил избоден со нож и починал на местото на настанот. Друг млад човек, на возраст од 18 години, се здобил со тешки повреди и е однесен во болница. Полицијата започнала потрага по осомничените и објавила нивни фотографии. Полицијата, исто така, користела хеликоптер за време на претресот во областа Марсберг. Властите соопштија дека, и покрај нивното бегство, немало проценка дека постои закана за населението. Ein junger Deutscher will in Marsberg offenbar Mädchen helfen und bezahlt seinen Mut mit dem Leben. Auch sein Begleiter kommt mit Stichverletzungen ins Krankenhaus. Die Polizei fahndet nach einem Kosovaren und einem Griechen. Weiterlesen: https://t.co/OdJsSefu55 https://t.co/VmiAo1n4yC — JUNGE FREIHEIT (@jungefreiheit) September 22, 2026 Осомничените се од Хам. Според информациите објавени од германските медиуми, едниот е грчки државјанин, додека другиот е од Косово. Тие се идентификувани како Алекс Олтаси (22) и Албин Бејтаљаху (23). По нивното предавање, јавната потрага по нив е прекината. Во среда, на 23 септември, двајцата се изведени пред судија за притвор. Истрагата за околностите и мотивот на конфликтот продолжува. Обвинителството сè уште не објавило целосни детали за тоа како започнал конфликтот и што довело до употреба на насилство. Властите, исто така, ја истражуваат специфичната улога на секој од двајцата осомничени. Според непотврдени информации, група млади мажи се судриле поради девојка.Тагови: Косово нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook