3Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
РакометВардар изгуби од Монпелје во полуфиналетоЕкипата на Вардар загуби во полуфиналето на „фајнал фор“ турнирот на Лигата на шампионите од Монпелје со 27:28 (11:14).Ракометна Европа ќе добие нов шампион, откако Вуко Борозан во последниот напад за „црвено-црните“ не успеа да го израмни резултатот за продолженија. Монпелје сепак имаше водство во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до победата. Хендикеп беше и повредата на Арпад Штербик, кој на почетокот на второто полувреме се повреди, па на голот застана Милиќ. Циндриќ и Борозан беа најефикасни со по шест голови, Чупиќ постигна пет. Во составот на Монпелје, блескаше Порте осум погодоци, Гигу реализираше седум. Во борба за бронзата, Вардар утре ќе игра со ПСЖ, во реприза од минатогодишното финале./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
СветДали Москва имала таен план за Шведска?Дали Москва имала таен план за Шведска? Безбедносната служба спречила руска операција. Шведската безбедносна служба „Сапо“ спречила руска разузнавачка операција насочена кон собирање информации и дискредитирање на Шведска, НАТО и Европската унија. Шведската безбедносна служба „Сапо“ (Sapo) вчера објави дека спречила руска разузнавачка операција насочена кон дискредитирање на Шведска, во која бил вклучен агент што дејствувал во рамките на странска дипломатска мисија во Стокхолм. „Сапо“ не откри за кое претставништво станува збор, пренесе „Еуроњуз“ (Euronews). Контраразузнавачката агенција во соопштение наведе дека собрала информации за операцијата и преземала мерки против неа. Според „Сапо“, операцијата била планирана и спроведена од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР). „Една од целите на операцијата беше собирање информации за шведскиот процес на одлучување, со цел да им се овозможи на руските разузнавачки служби да спроведуваат операции за вршење влијание преку теми што предизвикуваат поделби. Крајната цел беше да се поткопа шведскиот процес на одлучување и да се дискредитираат Шведска, НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението на „Сапо“. Кристоф Виделин, заменик-началник за операции во „Сапо“ (Sapo), потврди дека агенцијата презела дејствија откако ги открила руските планови. „Шведските безбедносни служби презедоа чекори за заштита на виталните шведски интереси и за спречување на понатамошно влијание“, изјави Виделин. Разузнавачки закани и пристапувањето кон НАТО „Сапо“ претходно ја посочи Русија, заедно со Кина и Иран, како една од главните разузнавачки закани за Шведска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаСДСМ: Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче?Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче? Како не сме криви за Груевски и Латас?Од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода. Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок. И сега се поставува логичното прашање: Кога Груби ќе биде слободен - дали повторно СДСМ и проф. д-р Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни? Секако. Тоа е стандардната матрица на организираната криминална група ВМРО и на шефот на бандата, Христијан Мицкоски. Затоа што Мицкоски комплетно управува со правосудството. - Обвинители поставува во живо на телевизија. - Другите ги дискредитира и ги нарекува „медиокритети“. - За судии поставува свои советници, сопруги на функционери на ВМРО и луѓе блиски до Сашо Мијалков. - Судски процеси нарачува од собраниската говорница, преку медиумите, а на крај и по телефон. Извештајот на Европската Комисија констатира најголем политички притисок врз правосудството досега. Мицкоски е директно повикан. Невладините организации предупредуваат. Извештаите зборуваат за директна спрега меѓу Мицкоски и дел од правосудството. Целиот процес околу Груби се одвива под контрола на власта што тој ја води. И кога Груби ќе биде слободен, сценариото е веќе напишано: Виновни ќе бидат СДСМ и Филипче. Како ние не бевме виновни кога Никола Груевски беше ослободен? Како не бевме виновни кога Драган Павловиќ Латас беше ослободен? Како не сме виновни кога беше укината пресудата за враќање на имотот на ВМРО-ОКГ стекнат со криминал – Белата палата? Секогаш кога нивни човек се спасува – виновна е опозицијата. Секогаш кога системот работи по нивна нарачка - виновни се СДСМ. Ова е стандардната операција на ВМРО-ОКГ, со Гебелсовата пропаганда од истиот ослободен Латас, со пораки на Ванчо Михајлов, т.е Христијан Мицкоски - како што е „талог“. Граѓаните веќе го препознаваат сценариото. И повеќе не веруваат во него. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата. Власта повторно ќе биде во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
СветЕкс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија.Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва. Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден во отсуство на смртна казна поради злосторства против човештвото и воени злосторства, објави во вторник Associated Press. На истата казна е осуден и неговиот помлад брат Махер ал-Асад, како и нивниот братучед Атеф Наџиб. Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им се судеше во отсуство бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва. Наџиб, поранешен бригаден генерал и некогашен шеф на политичката безбедност во провинцијата Дара, бил присутен при изрекувањето на пресудата. Токму тој бил еден од клучните луѓе во насилното задушување на протестите во Дара во 2011 година – настани кои го означиле почетокот на бунтот против режимот на Асад и подоцнежната граѓанска војна. Сирискиот конфликт траеше 14 години и, според проценките, однесе околу 500.000 животи. Режимот на Асад за време на војната се соочувал со бројни обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и тортура, присилни исчезнувања и напади врз цивили. Пресудата претставува еден од досега најзначајните обиди на новите сириски власти правно да ги гонат највисоко рангираните припадници на поранешниот режим. Наџиб е меѓу највисоките функционери на Асадовиот режим кои се појавиле пред судот по падот на власта. Асад, сепак, останува надвор од дофатот на сириското правосудство. По неговото соборување во декември 2024 година, тој добил азил во Русија, каде што, според достапните информации, и натаму се наоѓа. Фото: Википедија Извор: Вечерњи листТагови: Башар ал-Асад смртна казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter