Вардар и Металург в петок ја имаат првата битка за титулата - Канал 5

Вардар и Металург в петок ја имаат првата битка за титулата

Во ракометната Супер лига в петок на програмата е првото големо дерби меѓу Вардар и Металург. Домаќини се „црвено-црните“, а дуелот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Вардар и Металург в петок ја имаат првата битка за титулата
- Оваа титула е најважна, бидејќи носи пласман во Лигата на шампионите. Очекувам тесен резултат. За разлика од претходните дуели во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, ова е нешто друго. Ние за разлика од тие дуели имаме нов тренер, но имаме и повредени играчи, како Растворцев, Стојанче Стоилов, Петриќ, додека на ситни повреди по дуелот со Фленсбург се жалат Козлина, Карачиќ и Чипурин. Од друга страна Металург е квалитетен состав, екипа која две сезони игра во ТОП 8 во Лигата на шампионите предводени од добар тренер, изјави на денешната прес-конференција капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

Сезонава големите ривали одиграа четири натпревари - по два во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Металург има две победи, Вардар еднаш триумфирал, а еден натпревар заврши нерешено.

Ова ќе биде натпревар од 1.коло од ракометната Супер лига, додека дуелот од 6.коло ќе се одигра на 8 мај (четврток) во салата во Автокоманда. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон: Европа е цел на руски хибридни закани

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја, како и остатокот од Европа, во последните недели е изложена на засилени руски хибридни закани.

Макрон: Европа е цел на руски хибридни закани

Тој ја даде оваа изјава по средбата со лидерите на парламентарните партии. „Заканата со која се соочуваат Европа и Франција се засили во последните недели, особено во однос на руските хибридни закани“, рече Макрон.

Промена на природата на агресијата

Макрон исто така смета дека „природата на руската агресија се менува“. Како примери за ова ново ниво на закани од Кремљ, тој ги наведе нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањата на дронови во воздушниот простор на соседните земји и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг.

Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг во текот на август. Во меѓувреме, минатиот викенд се случи и безбедносен инцидент во Украина; руски дрон удри во воз што се движеше веднаш зад конвојот во кој се наоѓаше поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Ново спортско игралиште за учениците во ООУ „Владо Тасевски“

Во ООУ „Владо Тасевски“, продолжува унапредувањето на спортската инфраструктура за најмладите преку реконструкција и изградба на модерно спортско игралиште за фудбал, кошарка и други спортски активности. 

Општина Карпош: Ново спортско игралиште за учениците во ООУ „Владо Тасевски“

Реконструкцијата се реализира преку соработка помеѓу Општина Карпош и Министерството за спорт, со што ќе се создаде современа спортска целина со нови терени и унапредени трибини.

На увид во спортскиот простор присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, кои ја истакнаа важноста на заедничките вложувања во спортската инфраструктура и создавањето подобри услови за младите. Новото спортско игралиште ќе им овозможи на учениците да спортуваат во современи услови, да ги развиваат своите спортски вештини и да негуваат тимски дух, дисциплина и здрави животни навики.

Заедничката соработка меѓу Општина Карпош и Министерството за спорт претставува чекор кон создавање повеќе и поквалитетни спортски содржини за најмладите. Континуираното вложување во спортската инфраструктура е дел од заложбите за создавање средина во која децата ќе имаат можност активно да спортуваат и да ги развиваат своите потенцијали.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц има проблем?

Речиси половина од германските граѓани очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да биде сменет оваа година. Во анкетата на „YouGov“, 48 отсто од 1.611 испитаници предвидоа дека Мерц повеќе нема да биде канцелар до крајот на годината.

Мерц има проблем?

Спротивно на тоа, само 31 отсто веруваат дека 70-годишниот лидер на Христијанско-демократската унија (CDU) ќе остане на функцијата и по тој период. Дваесет и еден отсто од испитаниците не дадоа одговор.

Канцеларот е под силен притисок од сопствената партија уште од изборниот дебакл на „CDU“ во Саксонија-Анхалт.

Со денови се шпекулира дали тој ќе успее да ја задржи својата позиција.

Досега, осум премиери на сојузните покраини од редовите на „CDU“ му ја изразија својата поддршка. Сепак, доколку христијанските демократи претрпат нови порази во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин – каде што изборите се одржуваат оваа недела – ситуацијата станува неизвесна.

Анкетите покажуваат дека „CDU“ има поддршка од само шест до седум отсто во Мекленбург-Западна Померанија, што ја доведува во опасност целосно да испадне од покраинскиот парламент.

Во Берлин, „CDU“ води неизвесна трка со партијата „Левица“ (Die Linke) за првото место и би можела да ја изгуби градоначалничката функција.

Сепак, Мерц има намера да се бори за својата позиција. „Откажувањето не е опција за мене“, изјави тој по изборите во Саксонија-Анхалт.

Личниот рејтинг на канцеларот драстично опадна откако ја презеде функцијата. Во анкетата на телевизијата „ARD“ спроведена во јуни 2025 година – само неколку недели откако положи заклетва – тој уживаше поддршка од 39 отсто. Во почетокот на септември 2026 година, само 13 отсто од испитаниците во истата анкета позитивно ја оценија работата на канцеларот. Ова е најниската бројка некогаш забележана во анкетата на „ARD“ за актуелен канцелар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер