3Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП
РакометВардар и Металург се избегнаа во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за полуфиналето на завршниот турнир од националниот куп што ќе се одржи во Охрид.Жрепката одлучи двата најголеми фаворити за освојување на трофејот да се избегнат во полуфиналната фаза. Шампионот Вардар за противник го доби Пролет, додека Металург ќе игра со Зомимак Струмица. Двете полуфиналиња ќе се одиграат в сабота со почеток од 15 часот и 17 часот и 45 минути, а финалето е в недела од 17 часот и 45 минути. Бранител на трофејот е тимот на Металург.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДали Американците се повлекуваат?Пентагон размислува за повлекување на околу 25.000 американски војници од Европа, при што едно од сценаријата предвидува намалување од дури 40.000 војници.Покрај копнените сили, повлекувањето би можело да опфати и авиони, бродови и друга воена опрема. „NBC News“, повикувајќи се на два извора, известува дека Германија, Италија и Шпанија би можеле да бидат најмногу погодени. Конечна одлука сè уште не е донесена. Се очекува генералот Алексус Гринкевич – командант на американските сили во Европа и Врховен сојузнички командант за Европа – во петок да му претстави првична проценка на секретарот за одбрана Пит Хегсет, додека конечната препорака би требало да биде подготвена до 6 ноември. Во моментов, околу 80.000 американски војници се стационирани низ Европа, вклучително и околу 10.000 во Полска. Според „NBC“, опциите што се разгледуваат вклучуваат намалување на воздушните, поморските и копнените сили, додека дел од војниците и воените капацитети би можеле да бидат прераспоредени на источното крило на НАТО – поблиску до руската граница – наместо целосно да бидат повлечени. Администрацијата на Трамп ја иницираше оваа ревизија во јуни како дел од напорите европските сојузници да преземат поголем дел од товарот за сопствената конвенционална одбрана. Хегсет ја опиша оваа цел како НАТО во кое Европа ја презема водечката улога и ја презема „примарната одговорност“ за сопствената одбрана. Извештајот доаѓа еден ден откако претседателот Доналд Трамп најави „значителен напредок“ во врска со воспоставувањето постојана американска воена база во Полска, чија локација – според него – би можела да биде објавена „многу наскоро“. Најавата за можно повлекување од голем обем предизвика загриженост кај законодавците од двете партии. „NBC“ цитира неименуван републикански конгресмен кој го опиша намалувањето од 25.000 војници како „апсолутно неприфатливо“, истакнувајќи: „Не можете да ги одвратите Русите со евтини решенија“. Конгресот претходно воспостави законски пречки за повлекувања од голем обем. Според годишниот закон за одбранбена политика за 2026 година, на Пентагон му се забранува да користи одредени средства за одржување на бројноста на трупите во Европа под 76.000 во период подолг од 45 дена, освен ако високи претставници на одбраната претходно не достават безбедносни проценки и потврди до Конгресот, по што следи период на чекање од 60 дена. Извор: Б92Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаДимитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на праватаЗаменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на Форумот „EU Meets the Balkans 5.0“, што се одржа во Софија. На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик. -Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам. Во обраќањето, Димитровски ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел. „Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски. Тој нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти. Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија. Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата. На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕППСилната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата. За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство. Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook