Вардар и Металург ја завршуваат годината со меѓусебниот дуел во СЕХА лигата - Канал 5

Вардар и Металург ја завршуваат годината со меѓусебниот дуел во СЕХА лигата

Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург утре ќе го одиграат последен натпревар оваа календарска година.

Вардар и Металург ја завршуваат годината со меѓусебниот дуел во СЕХА лигата
Членот на Вардар и нов македонски репрезентативец Немања Прибак смета дека одбраната и голманите ќе го решат победникот.

- Ние играме поубаво за око, додека играта на Металург се базира на четирите бека Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Павел Атман и Ренато Вугринец, како и од учинокот на голманот Дарко Станиќ. Мораме да одиграме одговорно и добро во одбраната за да победиме. Поблиску до триумф ќе биде екипата , чии голман ќе има 15 и повеќе одбрани. Но, на овие дуели решава моменталната форма, изјави Прибак на денешната прес-конференција.

Тренерот на „црвено-црните“ Андон Бошковски, за новата пресметка со градскиот ривал истакна: - Во македонското дерби мотиви има премногу. Металург сигурно нема да игра на нивото од саботата и дуелот со Загреб. Се надевам дека нашата екипа ќе победи и на убав начин да ја завршиме оваа календарска година, рече Бошковски.

Првиот натпревар од СЕХА лигата заврши нерешено 28:28, додека во Лигата на шампионите и двете екипи постигнаа по една победа.

Натпреварот Вардар - Металург е од 10.коло, а беше одложен поради обврските на двете екипи во Лигата на шампионите. Почетокот на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ е во 17 часот и 45 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер