3Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
РакометВардар го победи Загреб и е нов лидер во Б-групата од ЛШМакедонскиот ракометен првак Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи Загреб со 25:20 и изби на лидерското место на табелата во групата Б од елитната Лига на шампиони.„Црвено-црните“ до седмата победа сезонава стигнаа по предноста која ја направија со „фуриозниот“ старт и серијата од 5-0. Загрепчани првиот гол го постигна на истекот од 8.минута. Вардарци потоа во неколку наврати имаа плус 6, предност со која заминаа на паузата меѓу двете полувремиња (14:8). Во 34.минута за првпат разликата отиде на седум голови (16:9). Од пет до седум голови изнесуваше предноста на Вардар во текот на целото второ полувреме, со исклучок на еден кризен период кога гостите со серија од 3-0 намалија на 21:17 во 53.минута. Сепак до крајот македонскиот шампион на дозволи изненадување како на средбата во Загреб кога испушти пет голови разлика и претрпе пораз. Алекс Дуешбаев се истакна со седум погодоци, по четири реализации имаа Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. На голот со 11 одбрани свој удел во триумфот имаше Арпад Штербик. Во поразениот состав најефикасен беше Добривоје Марковиќ со шест погодоци. Од оваа група вечера во последниот натпревар од 10.коло играат Цеље и Кристијаншатд. Табела:Варда 14 бода, Киелце 14, Пик Сегед 13, Рајн-Некар 13, Мешков Брест 11, Цеље 5, ППД Загреб 4, Кристијанштад 4. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месециАмериканскиот носач на авиони по три месеци го напушти Блискиот Исток-Трамп го повлекува моќниот воен брод – еве каде се враќа Неговото заминување се случи само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ го напушти Блискиот Исток по тримесечен престој во регионот, кој се одвиваше во контекст на војната со Иран. Оваа информација ја пренесе „USNI News“, повикувајќи се на претставник на американската морнарица. Сепак, морнарицата не даде дополнителни детали во врска со заминувањето на воениот брод. Според американски претставници, „УСС Џорџ Вашингтон“ најверојатно се враќа во својата матична база во Јапонија. Неговото заминување доаѓа само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток, придружувајќи му се на „УСС Џорџ Х.В. Буш“. „УСС Џорџ Вашингтон“ е единствениот американски носач на авиони што е трајно стациониран надвор од територијата на Соединетите Држави. Негова матична база е Јокосука, Јапонија, а во Блискиот Исток пристигна во август. Според претходна изјава на Централната команда на САД (CENTCOM), со неговото пристигнување беше заменет носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој претходните девет месеци ги помина во регионот, поддржувајќи воени операции против Иран – вклучително и блокада на иранските пристаништа. Заминувањето на „УСС Џорџ Вашингтон“ од Пацификот во август, исто така, имаше пошироки импликации за военото присуство на САД во тој регион, бидејќи Соединетите Држави останаа без носач на авиони во западниот дел на Пацификот.Тагови: американски бродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook