Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места
2Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места
Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
2 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
РакометВардар без проблеми ја совлада ВојводинаВардар оствари победа од 36:32 над Војводина и ја оправда фаворитската улога на последното гостување во регионалната СЕХА лига за оваа сезона.Тренерот Раул Гонзалез и на овој натпревар одмараше дел од ракометарите, а Вардар настапи без Арпад Штербик, Рожерио Мораеш и Иван Чупиќ. „Црвено-црните“ на стартот поведоа со 3:1, а потоа одржуваа предност од три гола, која на полувремето се искачи на 12:17. Домаќините го отворија второто полувреме со серија од 5:1 по која одново дојдоа само на гол негатива (18:19). Вардар рутински го држеше натпреварот под контрола и се одлепи на сигурна дистанца (19:23) и без многу емоции стигна до нова победа. Најефикасен кај Вардар беше Лука Циндриќ со седум погодоци, а Игор Карачиќ и Хорхе Македа постигнаа по пет. Владимир Бојаниќ и Божидар Надовеза со по шест гола беа најефикасни во составот на Војводина. Вардар се наоѓа на врвот на табелата без пораз по 17 одиграни натпревари, од кои 16 се победи и едно реми. Последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата „црвено-црните“ го играат дома на 13 март против Нексе./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Индонезија погодена од серија разорни земјотреси: Земјата не мируваСерија разорни земјотреси,- земјата не мирува; прогласена тревога . Индонезискиот остров Сулавеси денес беше погоден од земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). 📹 Vídeo | 🇮🇩 #Terremoto de la Isla #Sulawesi, #Indonesia [6.7 Mw - BMKG] Momento exacto del #sismo en el interior de un recinto ubicado en la Universitad Tadulako en #Palu, Sulawesi Central (a 43 km del epicentro). => Se observan sacudidas localmente violentas en el escenario,… pic.twitter.com/cRqV8qGV7M — SASSLA (@SasslaMx) June 16, 2026 Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. The M6.7 Central Sulawesi earthquake damaged the Untad/Universitas Tadulako Palu auditorium and the Sigi Regency Office building. #gempa #lindol #sismo 🎥 daryono_eq_talk, raffysyam92 https://t.co/lUCbIVjUS2 pic.twitter.com/72PHca8IJN — GeoTechWar (@geotechwar) June 16, 2026 Издадено е предупредување за цунами. По овој земјотрес следела серија од најмалку осум последователни потреси.Тагови: земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаМицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни местаПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.Мултинационалната корпорација работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.освен во турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаJП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter