Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаВард: Проширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со ЕУПроширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со Европската Унија, порача на амбасадрот на Ирска во земјава, презентирајќи ја програмата на официјален Даблин. Брендан Вард пред Националниот совет за евроинтеграции посочи дека ќе настојуваат Црна Гора да ги заокружи преговорите со Унијата до крајот на годинава и да постигнат суштински напредок со останатите три земји кандидатки кои ги започнаа преговорите по кластери. Во однос на Македонија најавува дијалог во рамките на Унијата за земјава да го направи потребниот исчекор. -Проширувањето на Унијата е значителен приоритет за Ирска и ние ќе работиме кон завршување на пристапните преговори со Црна Гора и ќе настојуваме да постигнеме суштински напредок во преговорите со Албанија, Украина и Молдавија. Исто така, силно ја поддржуваме и Македонија и нејзиното пристапување во ЕУ и ќе работиме заедно со партнерите во Унијата и со властите тука во Скопје за да видиме кој напредок ќе може да се направи на тоа поле,- -Брендан Вард амбасадор на Ирска во Македонија со седиште во Романија. Поддршка за европските вредности кои во минатото биле занемарени од некои земји членки е еден од трите приоритети на Ирското претседателство, изјави амбасадорот Вард. Да се почитуваат европските вредности упатија повик заменик претседателот на националниот совет за евроинтеграции – Антонијо Милошоски како и пратеничката од опозициските редови – Моника Зајкова. Милошоски од Ирското претседателство побара како што рече, почит и партнерски пристап но и поголема поддршка за „порационално однесување од одредени членки на ЕУ.„ -Македонија е спремна да разговара за тоа што треба да се направи дополнително за владеење на правото, за реформи во администрацијата, но навистина многу ни е тешко да разговараме за поглавја како политички суети и историски фрустрации. Таквите поглавја на историски фрустрации што се случило пред 150 години да биде детерминанта за тоа што треба да се случи утре како наша заедничка европска иднина, сметаме дека не се релевантни параметри за процесот на проширување,- -Антонијо Милошоски, заменик-претседател на Националниот совет за евроинтеграции. -Апел до Ирското претседателство – ЕУ мора конечно да испрати јасна порака дека вредностите што ги проповеда, навистина и ги применува. Ако се бараат реформи тие треба да бидат мерени по ист критериум, за сите земји, ако се бара доверба, тогаш и европските ветувања мора да бидат предвидливи и исполнети,- - Моника Зајкова, претседателка на ЛДП. Иако лидерот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче не беше присутен од како што рече неговиот заменик – Милошоски, оправдани причини, сепак од неговата партија упатија критики за тоа дека како што велат „додека другите напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација„ . Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена...Наместо да ја искористи оваа шанса, Мицкоски ја држи Македонија во изолација. Со блокирање и со неисполнување на реформите, тој свесно ги затвора вратите за европските фондови, за инвестиции и за подобар животен стандард. Се вели во партиското соопштение во однос на вчерашниот т.н „Супер вторник„ кога Брисел оддржа дури четири меѓувладини пристапни конференции со првенците – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter