Ванг: Кина и Русија ќе работат на мирот во Источна Азија - Канал 5

Ванг: Кина и Русија ќе работат на мирот во Источна Азија

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави дека Кина е подготвена да соработува со Русија за одлучно меѓусебно поддржување и заштита на заемните витални интереси во атмосфера на турбулентна меѓународна ситуација и надворешно мешање.

Ванг: Кина и Русија ќе работат на мирот во Источна Азија

На средбата на Ванг, на Самитот на АСЕАН, што се одржува во Лаос, со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се разговараше за нова безбедносна архитектура за Евроазија.

- Двајцата министри разговараа за начините за спроведување на концептот за изградба на нова безбедносна архитектура за Евроазија. Русија го изнесе како одговор на стагнирачките евроатлантски механизми, се наведува во соопштението од руското МНР.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров и се заблагодарил на Кина за поддршката за руското претседавање со БРИКС и ја потврди подготвеноста на Москва да му помогне на Пекинг во претседавањето со Шангајската организација за соработка.

Лавров, исто така и се заблагодарил на Кина за балансираниот и конзистентен став за украинската криза и ги поздрави иницијативите на Пекинг за промовирање пристапи кои ги земаат предвид интересите на сите заинтересирани страни и ги елиминираат причините кои се во основата на конфликтот.

- Ванг и Лавров високо го оценија развојот на политичкиот дијалог и практичната соработка помеѓу Русија и Кина во време на зголемени турбуленции во меѓународниот систем, се истакнува во соопштението на руското МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер