Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа на средбата со Мицотакис - Канал 5

Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа на средбата со Мицотакис

Со испишани слогани „Предавници“ и издишани гуми, непознати лица вандализирале трактори паркирани на блокот кај Никеја во близина на Лариса, што се во сопственост на дел од земјоделците кои вчера присуствуваа на состанокот.

Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа на средбата со Мицотакис

Со испишани слогани „Предавници“ и издишани гуми, непознати лица вандализирале трактори паркирани на блокот кај Никеја во близина на Лариса, што се во сопственост на дел од земјоделците кои вчера присуствуваа на состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за два трактори на кои им била нанесена материјална штета.

Останатите земјоделци од конкретниот блок, преку соопштение го осудија инцидентот, со тракторите на како што рекоа „двајца земјоделци кои, по сопствена иницијатива и на сопствена одговорност, учествуваа на средбата со Премиерот“.

Објаснија дека со одлука на координативното тело и на трошок на блокот, штетите биле санирани и сопствениците можат да дојдат да си ги земат тракторите од блокадата.

- Станува збор за намерна постапка чија цел е распад на блокадата во Никеја. Нема да им успее!!!, нагласија земјоделците, објаснувајќи дека побарале видео-материјал од безбедносните камери од автопатот.

За инцидентот реагираше и портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис.

- Вандализмот и насилничките постапки, какви што денеска беа забележани на земјоделските блокади, е срамота да се случуваат на штета на одредени професионалци, само затоа што учествувале на една конструктивна средба со премиерот за решавање на прашањата од нивниот сектор. Ги повикуваме сите политички партии да ги осудат овие опасни и незаконски дејствија, соопшти Маринакис

Претставници на околу 18 блокови од целата земја, односно оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата вчера остварија средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак останатите од над 55 блока одбија да се сретнат и денеска на состанок ќе донесат одлуки за следните чекори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер