Вандали уништија урбана опрема во штипската населба „8 Ноември"

Вандали уништиле урбана опрема во еден од најубавите и најпосетените паркови во Штип. 

Јасминка Петешева вработена во ЈП „Исар"-Штип вели дека комплетно се уништени клупите во паркот и во летниковецот, како и детските реквизити во самото игралиште. Но, ова не е единствената штета која ја имаат забележано и покрај апелите на овие летни горештини да не се уништуваат и крадат славините на јавните чешми. Но, и покрај апелите во населбата Дузлак регистрирале комплетно уништена јавна чешма, која од пред неколку дена е приспособена за потребите на граѓаните.

-Уште еднаш ги замолуваме граѓаните да не се однесуваат вандалски кон урбаната опрема, која во текот на овие високи температури и тоа како им е потребна, како на повозрасните, така и на помладите, вели Петешева.

Таа истакна дека од денеска до крајот на неделава, штипското комунално претпријатие активно ќе ги мие улиците низ градот.

-Имајќи ги во предвид високите температури, активностите за миење на улиците ќе се одвива во текот на ноќните часови, вели Петешева./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер