ЗабаваВанда објави снимка во танга, емотикон и стави и Икарди (ВИДЕО)Ванда Икарди, сопруга и менаџерка на фудбалерот Мауро Икарди, подготви изненадување за своите обожаватели со новото провокативно издание што го објави на Инстаграм.Аргентинката објави селфи во огледало и го покажа задникот. Селфито не било доволно, па снимила видео на кое се гледаат облините. „На фотографијата сум јас, а на видеото сум јас во потрага по селфи“, напиша таа во описот. Мауро Икарди ја контактираше во коментарите, оставајќи само еден емотикон како коментар. View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветСеверна Кореја изврши ново лансирање на ракета Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од својот источен брег кон Источнокинеското Море, соопшти јужнокорејската војска, додека се засилуваше надзорот во регионот.Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета со краток дострел кон Источното Кинеско Море, додавајќи дека лансирањето било извршено од областа Вонсан на источниот брег на земјата. Здружениот штаб на Јужна Кореја објави дека ракетата била лансирана околу 17 часот по локално време од областа Вонсан, додека бројот на истрелани ракети сè уште не е потврден, пренесува „Јонхап“. Војската на Јужна Кореја соопшти дека ги засилила надзорот и извидувањето поради можноста за нови лансирања, како и дека одржува целосна борбена готовност во тесна соработка со САД и Јапонија. Ова е прво лансирање ракета од страна на Северна Кореја по повеќе од еден месец, откако Пјонгјанг на 25 јуни, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тестираше тактичка балистичка ракета, нови повеќецевни ракетни фрлачи и друго оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРедовно одржување на фонтаните во КарпошОпштина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата. Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност. Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски,.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат. „Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години. „Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, нагласи Муцунски. Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот. Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по „премногу“ направени отстапки, рече Муцунски, додавајќи дека Македонците се уморни од постојаното „поместување на целта“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да побара нешто ново. „Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, порача Муцунски. Тој ја спореди ситуацијата со односите меѓу Ирска и Обединетото Кралство, оценувајќи дека нивните сложени разлики веројатно не би можеле да бидат надминати без заедничкото членство во Европската Унија. „Бугарија, веднаш по нас, има најмногу да добие од напредувањето на нашата земја кон полноправно членство“, истакна Муцунски. Министерот нагласи дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат напред. „Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи Муцунски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook