Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите
Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
1Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите
2Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
ЗабаваВанда Икарди со топлес фотографија ,,заработи” над половина милион лајкови(ФОТО) Ванда Икарди, атрактивната сопруга и агент на фудбалерот Мауро Икарди, сака да споделува голи фотографии на Инстаграм.Се чини дека и е малку здодевно во карантин, па во последно време редовно објавува секси фотографии. View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) Големо внимание привлече нејзината фотографија на која се гледаат бујните гради во предизвикувачка долна облека. View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) Заработи над половина милион лајкови со топлес фотографија, каде делумно ги покрива градите со рака. View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) Во карантин, Ванда поминува време покрај базен, па ги воодушеви обожавателите со фотографиите во костим за капење. View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) View this post on Instagram A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат паритеНеизвесност, стравување и солзи – битолчани од утринава создадоа редици пред Алта Банка по потрага за одговори од раководството, но начекаа затворена врата. Кој дошол по пензијата, кој со стравување што ќе му биде со заштетата, но единственото што им се нуди во моментов банкоматот од кој може да повлечат само 10.000 денари неделно. Насобраните стравуваат како ќе ги покријат сметките и како ќе се прехранат, други пак што ќе им биде со животните заштеди. -Со 10.000 што ќе направам до другата недела? Дали имам сметки за плаќање, дали имам некои работи? Само 10 ми дадоа, 10 ми останаа, а сметките кој ќе ми ги плати сега, дали ќе ме чекаат до другата недела со сметките. Не е ова работа./ Јас немам 10.000 мајче, јас имам 15.000 евра, плус што имам 30.000 денари тука, кога ќе ги подигнам тие пари? Никогаш./ Дали треба струја, дали треба за ученици кои се образуваат, дали треба некој на факултет да плати. Во Битола е особено драматично бидејќи таму е седиштето на Алта Банка и е од регионално значење, покрај граѓани, и многу фирми ги користат нивните услуги, па стравуваат да не им се повтори ТАТ.. А, особено погодени се и дел од пензионерите кои пак воопшто немаат картички и не знаат да повлечат пари од банкомат, со што и тие 10.000 денари им се доведуваат во прашање. -Од шалтер јас, не знам од банкомат да вадам. Сите пари ми требаат, без пари што ќе правам дома? Јас пензионер сум, пензијата сакам да си ја земам, од нејзе живеам, не можам ништо да купам, јадење не можам да купам, сметки не можам да платам, ништо не можам да платам. Кусо соопштение залепено на вратата, граѓани во неизвесност кои се обидуваат да влезат и „куп“ потврди од трансакции на банкоматите е сликата пред експозитурите на Алта Банка и во Скопје. -Оние кои што ќе дојдат во Алта Банка, ќе ги дочека заклучена врата и празна експозитура. Единствено може да се користи банкоматот, но ако сега извадите 10.000 денари, до следниот понеделник нема да можете да извадите ниту денар повеќе. Клиентите велат, да знаеле одамна ќе си ги повлечеле своите пари, и сега би го сториле тоа да им се отвори можност, оти изгубиле доверба. Порачуваат, не може никој да ги ограничи колку свои пари ќе повлечат. Други пак останале без целосен пристап до своите пари. -Пензии зедовме, не можеме да си ги подигнеме, вратите се затворени, што ќе се случува и ние не знаеме. За наши пари, наши пензии да не цензурира со 10.000 неделно да вадиме, тоа е срамота. Луѓето немаат уште пензија извадено. 10.000? Па, 10.000 само му треба сметките да ги плати, каде му се лекови, каде му е храна, луѓето живеат од тие пензии. / Не можам да повлечам бидејќи мојата картичка не работи, веќе е истечена и ми треба нова. Значи немате опција да си ги земете парите сега? Да, немам никаква опција да си ги земам парите. Се чувствувам лошо бидејќи ми требаат за секојднева употреба, за живеење. Финансиските показатели на Алта Банка, според Македонската берза, покажуваат дека банката има 183 милиони евра вкупна актива и депозити на клиенти од речиси 145 милиони евра. Нето загубата е 791.000 евра. Од НБРМ и денеска преку соопштение уверуваат дека ваквата состојба и привремена додека не се најде купувач на мнозинскиот пакет акции што ги поседува пропадната српска Алта банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банкаДвојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаКлековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болестМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија. „Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски. Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства. Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време. Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS). На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter