Ван де Вен го контактирал Исак откако му ја скрши ногата: Тој ми одговори на пораката - Канал 5

Ван де Вен го контактирал Исак откако му ја скрши ногата: Тој ми одговори на пораката

Дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен, му се извинил на напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак, за стартот и тешката повреда.

Ван де Вен го контактирал Исак откако му ја скрши ногата: Тој ми одговори на пораката

Шведскиот напаѓач по стартот на Дан де вен заработи скршеница на ногата на саботното дерби од Премиер лигата.

Инцидентот кој многу го налути менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се случи за време на победата на Ливерпул од 2-1.

Шведскиот напаѓач ја скрши фибулата и го повреди левиот глужд при постигнувањето на водечкиот гол на Ливерпул.

Повредата се случи откако Ван де Вен се лизгачки старт се обидуваше да го блокира шутот на Исак.

По тешката повреда дефанзивецот на Тотенхем веднаш го контактирал повредениот Исак.

„Му испратив порака затоа што не сакав да го повредам, ниту да му наштетам, се разбира. Само сакав да се обидам да го блокирам ударот. Мислам дека несреќно неговата нога заврши меѓу моите нозе. Затоа му испратив порака и секако му посакав се најдобро. Се надевам дека наскоро повторно ќе го видам на теренот. Беше среќен што стапив во контакт со него и ми одговори“, изјави дефанзивецот за „Скај Спортс“.

Стартот на Ван де Вен инаку ниту судиите на теренот, ниту од ВАР собате не сметаа дека треба да се разгледа.

Англискиот судиски комитет, познат како панел на КМИ, детално ја анализираше контроверзната ситуација. Според нив, стартот на стоперот на Тотенхем не мора нужно да заслужува црвен картон, туку може да се протолкува како „непријатна околност“.

Исак веќе е успешно опериран и пред него е долг период на рехабилитација.

Предводникот на црвените од Енфилд Слот верува дека напаѓачот, купен од Њукасл за 150 милиони евра, ќе се врати на теренот пред крајот на сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC.

Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“.

Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери.

Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“.

Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

„Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit.

Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува.

Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер