Ван Дајк: Предноста да ја одбраниме со офанзивна игра - Канал 5

Ван Дајк: Предноста да ја одбраниме со офанзивна игра

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк смета дека неговиот тим не треба да се брани, туку со офанзивна игра да му се спротивстави на Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Ван Дајк: Предноста да ја одбраниме со офанзивна игра

- Треба да играме како де е 0:0, а не 3:0 во наша полза. Ние сме должни да продолжиме да размислуваме како да победиме, иако тоа е малку чудно при резултатот од првата средба. Подобро ќе биде да напаѓаме, а не да се браниме. Знаеме дека сме силни во одбрана и сме компактни, но треба и да напаѓаме, рече Ван Дајк на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар.

Манчестер Сити го пречекува Ливерпул вечер од 20:45 часот во обид да ги анулира трите гола предност што ги имаат „црвените“ од првата средба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цел свет се чуди од настапите на „џинот од Африка“ (ВИДЕО)

Необичните танци, пеењето и уникатниот изглед го направија препознатлив на социјалните мрежи.

Цел свет се чуди од настапите на „џинот од Африка“ (ВИДЕО)

И, дали знаевте дека снимките на „џинот од Африка“ се скечеви од комичар од Танзанија, кој е познат на мрежите како Џејмс Њаву или - Бигмапочопочо.

Неговите снимки се вклопуваат во форматот на краток, лесно споделен видео хумор кој не бара многу објаснување - необичен изглед, впечатливи движења и ситуации кои брзо се претвораат во интернет мемиња.

Но, кој е всушност човекот кого многумина го познаваат како „џинот од Африка“?

Бигмапочопочо е името под кое овој креатор се појавува на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Инстаграм и ТикТок.

Многу често, до него гледаме креатор познат како професорујога, или ТриплБ телохранител, кој ја презема улогата на „телохранител“.

Дека ова не е само случајна вирална снимка, покажува и присуството на ова име на различни платформи.

Според „Чартсекс“, Бигмапочопочо се наоѓал на врвот на листата на најпопуларни TikTok профили во Танзанија од 3 до 10 октомври 2026 година.

Рангирањето се менува од недела во недела, но укажува дека содржината привлекла значително внимание на публиката.

Дел од интересот за видеата веројатно произлегува од начинот на кој е претставен неговиот лик - како еден вид „џин“ поврзан со племето Хадза кое живее околу езерото Еџаси во Танзанија.

Сепак, достапните описи на содржината укажуваат на хумористични изведби, а не на документарни записи за едно од последните племиња ловци-собирачи во Африка.

Некои описи на интернет наведуваат дека Бигмапочопочо е по потекло од селото Кипера, во округот Мвомеро, во танзанискиот регион Морогоро.

Сепак, во овој момент е тешко да се најде нешто поконкретно од биографијата на комичарот, чии видеа го привлекуваат вниманието на публиката ширум светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел до Општина Чаир: Време е за ред, но и за решенија за станарите!

Гледач на Канал 5 од Општина Чаир со писмо до надлежните за проблемот со паркирањето во општината. 

Апел до Општина Чаир: Време е за ред, но и за решенија за станарите!

Неговото писмо го објавуваме во целост:

„Почнува да се воведува ред во паркирањето во Општина Чаир. И тоа е за поздравување. Но, пред да почнат да се делат опомени за непрописно паркирање, неопходно е граѓаните јасно и навремено да бидат информирани каде смеат, а каде не смеат да ги паркираат своите возила.

Живеам на улицата „Џон Кенеди“, една од главните улици во Чаир. Пред нашата зграда има ограничен простор за паркирање, додека делот пред поранешното трговско училиште „Цветан Димов“, денес медицинско училиште, е заграден. Во нашата зграда има два угостителски објекта, а на улицата уште десетици пицерии, ресторани и кафулиња.

Секојдневно, особено во вечерните часови, гостите ги паркираат своите автомобили во околината, а ние, станарите, често немаме каде да ги паркираме сопствените возила.

Прашањето е едноставно: каде се станарите во целата оваа приказна?

Дали Општината планира да воведе зонско паркирање? Дали ќе се разгледа можноста за обележани паркинг-места за станарите? Дали се планираат катни гаражи или други долгорочни решенија за овој хроничен проблем?

Во други делови на Скопје веќе постојат различни модели на организирање на паркирањето, вклучувајќи обележани места, рампи и паркинг-системи за станарите. Зошто и во Чаир да не се најде соодветно решение?

Господине Меџити, воведувањето ред не треба да значи само контрола и опомени, туку и создавање услови граѓаните да можат да ги почитуваат правилата.

Барам Општината:

- Навремено да ги информира жителите за новите правила и зоните за паркирање.

- Да ги утврди реалните потреби на станарите и можностите за резидентно паркирање.

- Да направи план за обележани паркинг-места и подобра организација на сообраќајот.

- Да обезбеди повеќе зеленило, проодни тротоари и безбеден простор за пешаците.

- Да разгледа долгорочни решенија, вклучително и изградба на катни гаражи таму каде што е можно.

Како жител на Општина Чаир, не барам привилегија. Барам достоинствени услови за живот, пристап до сопствениот дом, организирано паркирање и право на безбедно движење.

Писмо од М.К. жител на опш. Чаир“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД

Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули .

Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД

Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули и во моментов е најголемиот познат донатор на кампањата за среднорочните избори, потврди Ендру Ромео, портпарол на организацијата преку која Маск врши политички донации.

Донациите на Маск се во спротивност со неговата претходна најава дека ќе го намали политичкиот ангажман и придонесите за политички каузи, објавува АП.

„Мислам дека направив доволно“, рече Маск во мај минатата година, осврнувајќи се на неговата улога во претседателската кампања во 2024 година, кога учествуваше на изборни митинзи со сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Во текот на првите месеци од вториот мандат на Трамп, Маск го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE), но подоцна влезе во конфликт со Трамп и поднесе оставка. Двајцата оттогаш се помирија.

Републиканците имаат значителна финансиска предност пред демократите на овогодишните среднорочни избори, но се соочуваат со можноста за загуби поради незадоволството на гласачите и лошите резултати на претседателот Трамп во анкетите за јавното мислење. Богатството на Маск флуктуираше оваа година, во зависност од движењата на цените на акциите, и се проценува на околу 1 трилион долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер