Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
1Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ФудбалВалверде не придава значење на рекордот на Барселона Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не придаде големо значење на рекордот од последователни натпревари без пораз во Примера, кој каталонците го поставија при успехот над Валенсија со 2:1 во 32-то коло.Барса регистрира 39-ти шампионатен натпревар без пораз, со што беше задминат рекордот на Реал Сосиедад од 38 средби. „Лос Кулес“ привремено води на табелата со 14 поени пред Атлетико Мадрид и 18 пред Реал Мадрид. - Оваа недела, ниту еден играч од Барселона никогаш не размислувал за овој рекорд. Ние не придаваме значење за такви работи, бидејќи е нормално овие фудбалери да постават такви рекорди. Реакцијата на тимот беше важна по елиминацијата од Лигата на шампионите, која беше прифатена многу тешко. Секој играч во Барселона може да ја преземе одговорноста и да го предводи тимот. Се е на одлично ниво, коментираше Валверде по мечот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЕко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 - валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор - санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 - валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток! Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!Тагови: Еко-свест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц РуфПродлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици. На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби. Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција. Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики. На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Народот виде што Муцунски договарал „под радар“ во Софија - пуштање на МихаиловаНие денеска сериозно ќе инсистираме оваа тема да добие разрешница, затоа што скандалот што го видовме вчера е мегаскандал и нема да остане така како што сака ВМРО.За нас, но и за сите граѓани, јасно е дека пуштањето на Ива Михајлова е договорена работа, или, да го цитирам Муцунски, дека тоа е договорено „под радарот“. Народот сега виде што всушност договорил Муцунски во Софија и за што била средбата со неговата колешка од Бугарија. Едно се зборува пред граѓаните, меѓутоа сосема друго се прави зад грбот на истите тие граѓани. И сега сето тоа излезе на виделина. Истиот тој Муцунски ја уверуваше јавноста дека, цитирам, судската постапка е работа на судството и дека извршната власт не се мешала во сето тоа. Гледаме дека тоа е ноторна лага каква што ја слушаме од владејачката партија веќе две и пол години. Тој тврдеше дека македонскиот здравствен систем може да обезбеди соодветна нега и дека присуството на бугарски лекари може да биде само во вид на некаква консултација. Сето тоа веќе паѓа во вода. Ива Михаилова е пуштена да ја помине македонската граница и, всушност, да ѝ помогне на правдата да ѝ избега, иако е осомничена за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа самата потврди дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците знаеле. Таа слободно ја напуштила земјата, иако судот ѝ ги одзел и бугарскиот и македонскиот пасош. Според податоците на МВР, тие тврдат дека нема евидентиран излез, што дополнително кажува дека сето ова договорен и монтиран случај. Почитувани граѓани, овој скандал бара итно институционално итно расчистување, но и политичка одговорност. Сега гледаме дека коњопојот на Мицкоски во Софија баш и не бил обичен коњопој. Неговиот досегашен молк само потврдува дека ги штити сите оние што се вклучени во оваа афера. Меѓутоа, институционална разрешница мора да има. Синџирот на постапување и синџирот на одговорност мора да излезат на виделина. Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, затоа што целата граница на нашата држава е под негова надлежност. Целиот овој скандал и целиот овој случај не може да се сведат на повикување амбасадори на дипломатски разговори, ниту, пак, сега, дури допрва, да се најавуваат разни потерници. Она на што ние инсистираме е да има одговорност за сите што се вклучени во оваа афера. Надлежните институции треба веднаш да ја поведат постапката за барање екстрадиција, согласно законските услови и меѓународните обврски. Нема оправдување за ова политичко одложување. Михаилова мора да биде достапна за судската постапка, а институциите мора да постапат и да го обезбедат тоа. Одговорност мора да има за сите за кои ќе се утврди дека договарале, дека давале незаконски наредби и инструкции, дека овозможиле заминување и дека ја пуштиле Михаилова. Знаеме многу добро дека во владата на Мицкоски има огромен број функционери со бугарски пасоши. Знаеме дека истите тие функционери имаат фирми во Бугарија и затоа сето ова добива крајно сериозна смисла. Ние, како партија, ќе инсистираме до крај не само на оставката, туку сите оние што се вклучени во оваа афера да излезат пред правдата, бидејќи оставката на Тошковски ќе биде некаква гаранција дека тој нема да влијае врз истрагата. Судските одлуки во оваа држава мора да важат за сите. Граѓаните заслужуваат вистина. Македонија заслужува правда. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одборТагови: Андреј Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter