Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
2Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
1Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
3Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
ФудбалВалверде: Не ме загрижува СуарезТренерот на Барселона, Ернесто Валверде застана во одбрана на Луис Суарез кој се повеќе е мета на навивачите поради неговата слаба форма.Суарез осум натпревари по ред нема постигнато гол и веќе предизвикува негодување кај навивачите на Каталонците. - Суарез? Воопшто не ме загрижува неговата ситуација, бидејќи е важно напаѓачите да создаваат шанси, а головите ќе дојдат со текот на времето. Тој одигра одлично против Атлетико, доста беже активен против Олимпијакос. Неговите агресивност и амбиција се корисни и за тимот. Суарез е непроценлив за нас и не гледам никаков проблем со него, истакна Валверде. Барселона синоќа ја победи Малага со 2:0 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Ла Лига./MИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
БалканНеизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата. Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот. Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.Тагови: брод Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни Италијанските власти пресретнаа автомобил во Сицилија кој превезувал 377 животни подготвени да патуваат со ферибот за Малта. Во автомобилот имало 300 желки и 77 папагали, сместени во област без соодветни услови или контрола на температурата, во средина која ветеринарите ја оцениле како неприфатлива за благосостојбата на животните, објави Eurogroupforanimals. Трговијата со животни била откриена од страна на припадници на италијанската финансиска полиција, Guardia di Finanza и Агенцијата за царини и монополи за време на проверките во просторијата за товарење во пристаништето Поцало, кои веднаш ја повикале ветеринарната служба за да ја проценат состојбата на животните. Истрагата открила дека 76-те папагали припаѓале на видови заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора (CITES), вклучувајќи ја црвената ара, зеленокрилата ара, сино-жолтата ара, розовокастиот какаду и белиот какаду. Лицето кое ги транспортирало животните било пријавено во канцеларијата на јавниот обвинител во Рагуза (Италија) под сомнение за кривично дело чување животни во услови што предизвикуваат големо страдање, како и за кршење на италијанските закони што ја штитат конвенцијата CITES. Сите 377 животни беа запленети и сместени во објект каде што добија соодветна грижа. Случајот го водеа членови на мрежата на Еврогрупата за животни, вклучувајќи ја италијанската организација Лега Анти Вивисезионе и Малтешкото друштво за спречување на суровост кон животните (MSPCA). Нивното вклучување ја нагласува важноста на меѓународната соработка меѓу организациите за заштита на животните, особено кога животните се откриваат за време на меѓународна нелегална трговија. Покрај чинот на конфискација на животните, клучно е да им се обезбеди соодветна грижа, судски постапки и соодветно сместување во иднина. Транспортот на животни во тесни и несоодветни услови им предизвикува големо страдање, додека трговијата со заштитени видови покренува дополнителни прашања за зачувувањето на загрозениот див свет и усогласеноста со меѓународните прописи. Дури и кога ваквите пратки се пресретнати, инцидентот претставува само еден дел од трговијата поттикната од побарувачката за егзотични животни. Кога животните се запленети, нивната благосостојба мора да остане приоритет, со специјализирана грижа и долгорочни решенија што ги задоволуваат нивните потреби. Во моментов, капацитетот за спасување на животните, а воедно и обезбедување соодветни услови за нивна благосостојба низ цела Европа, е недоволен и потребна е подобра координација помеѓу засолништата и прифатилиштата. Правилата, исто така, се разликуваат од една земја-членка до друга: купувачите честопати не се свесни за прописите, ниту за потеклото на животните, кои трговците можат да ги експлоатираат, па затоа се потребни јасни правила, унифицирани низ целата Европска Унија, за тоа кои животни смеат да се тргуваат, а кои можат да се чуваат во домовите. Ова би им го олеснило изборот на купувачите, би помогнало во намалувањето на побарувачката, би го направило спроведувањето на законот поефикасно и би им го отежнало на трговците. Случајот Поцало уште еднаш покажа колку е важна координираната акција помеѓу царинските службеници, органите за спроведување на законот, ветеринарите и организациите за заштита на животните во борбата против трговијата со диви животни.Тагови: желки папагали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот растЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата. „Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде: „Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“. Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг. „Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“. Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството. „Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде: „За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter