Валоризација на празнувањето на Лазарица во Дримкол - Канал 5

Валоризација на празнувањето на Лазарица во Дримкол

Како дел од активностите на Министерството за култура за заштита и популаризација на нематеријалното културно наследство, во тек е изработката на елаборат за валоризација на празнувањето на Лазарица во етногеографски предел, Дримкол како духовно културно наследство.

Валоризација на празнувањето на Лазарица во Дримкол
Научните соработници од Институтот за старословенска култура во Прилеп во текот на април реализираа теренски истражувања при што беа комплетно фото и видео евидентирани и документирани сите обредни дејствија кои се составен дел од празнувањето на Лазарицата во југозападниот дел на Македонија, во селата Радожда, Враништа, Вевчани и, пред сé, Луково, соопшти Министерството за култура.

Со овој проект, годинава се финализираа повеќегодишните истражувања поврзани со Лазарувањето во југозападниот дел од Македонија – Преспа, Струшко Поле и Дримкол и нивната валоризација како нематеријално духовно наследство.

Валоризацијата и ставањето под заштита како културно добро на Лазарицата во Дримкол со сите обичајни практики е од големо значење како за локалната заедница, така и пошироко во регионални и национални рамки. Зачувувањето на традицијата и народното практикување ќе поттикне учество на локалната заедница во практикувањето и пренесувањето на доброто, како и негово поголемо популаризирање и промовирање не само на територијата на Македонија, туку и надвор од неа, земајќи ја во предвид масовноста и изворноста на практикувањето на лазарувањето кое веќе е во поодмината фаза на одумирање во другите краишта во Македонија, освен во Струмичко и Радовишко каде што допрва треба да се истражува и документира, се вели во соопштението од Министерството за култура. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија.

„Повеќе би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе“, истакна Мицкоски.

За тоа дали разговарал со Александар Вучиќ и за односите со сестринската партија во Србија, Мицкоски со одговор:

„Мене ме интересира конкретно Македонија и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Ние имаме односи какви што имаат две сестрински партии, какви што имаме со ХДЗ, какви што имаме со ГЕРБ, со која било сестринска партија, ЦДУ/ЦСУ од Германија, со СДС партијата на Јанша од Словенија, и секаде каде што сум повикан да помогнам ние ќе поддржиме. Не сум разговарал, но тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога во рамките на Европската народна партија ќе се видиме дека ќе разговараме“, рече Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција на Меѓународната вселенска станица- астронаутите поставуваат соларен панел (ВИДЕО)

Астронаутот на НАСА, Анил Менон, и астронаутот на Канадската вселенска агенција (CSA), Џошуа Кутрик, ја започнаа својата вселенска прошетка во 12:59 часот.

Акција на Меѓународната вселенска станица- астронаутите поставуваат соларен панел (ВИДЕО)

Астронаутите излегоа од воздушниот затворач Quest на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го инсталираат и распоредат Меѓународната вселенска станица Roll-Out Solar Array (iROSA) на каналот за напојување 2А.

Вселенската прошетка ќе се емитува во живо на повеќе платформи на НАСА, вклучително и на нивниот YouTube канал:

YouTube video

Ова е 100-тата вселенска прошетка во САД. Исто така, тоа е 285-тата вселенска прошетка посветена на склопување, одржување и надградба на вселенската станица. Ова ќе биде четвртата вселенска прошетка на Менон и првата на Кутрик.

Распоредувањето на iROSA ќе се изврши во текот на две вселенски прошетки. Тековната е првата, додека втората е закажана за 5 ноември. Потоа, дуото ќе го инсталира осмиот и последен флексибилен соларен панел на станицата на десната страна од структурата. Менон е член на екипажот 1 на вселенската прошетка и носи вселенско одело со црвени ленти. Кутрик е член на Екипаж 2 и носи одело без ознаки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин, посветен на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

Министерот Сали го истакна историското значење на Охридскиот договор за завршувањето на конфликтот во 2001 година и поставувањето на темелите за поинклузивно општество, засновано врз дијалог, еднаквост и меѓусебна почит.

Тој нагласи дека Охридскиот договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како трајна обврска за градење институции што им служат подеднакво на сите граѓани.

„Наследството на Охридскиот договор ќе биде најсилно кога еднаквото граѓанство ќе стане вообичаено искуство во секојдневниот живот“, беше една од централните пораки на министерот.

Осврнувајќи се на искуството на Ирска со Договорот од Велики петок од 1998 година, министерот го истакна значењето на политичкиот компромис, помирувањето и континуираниот дијалог за одржлив мир. Тој посочи дека, и покрај историските и уставните разлики, двата договора ја потврдуваат потребата од доверливи институции и заедничка одговорност.

Министерот ја нагласи потребата од ефективно остварување на правата, правична застапеност на заедниците, професионална администрација, функционална децентрализација и еднакви можности за младите.

Посебно внимание беше посветено на европската перспектива на Македонија. Министерот истакна дека владеењето на правото, заштитата од дискриминација, отчетните институции и почитувањето на различностите се истовремено принципи на Охридскиот договор и темелни вредности на европската интеграција.

Тој нагласи дека кредибилен процес на пристапување кон Европската Унија е важен за реформите, стабилноста и довербата на граѓаните во европската иднина на земјата.

Настанот продолжи со дискусија за наследството на Охридскиот рамковен договор, предизвиците во неговото спроведување и поуките од европските искуства во градењето мир.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер