Ваљбона Адили Емини од Вреди нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани - Канал 5

Ваљбона Адили Емини од Вреди нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди. 

Ваљбона Адили Емини од Вреди нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.

Претходно денеска Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничлкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18. месецов поднесе оставка од сите функции во АА, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност, а со неговата оставката Вреди добива нов пратеник.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

-Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи, посочи Сулејмани.

Објасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата ВРЕДИ ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.

-Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите, потенцираше Сулејмани во оставката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врвен трик за учење: Претворете го вашиот телефон во „резервен мозок“ за факултет

Ако некогаш сте снимиле 90-минутно предавање мислејќи дека ќе го слушате повторно, веројатно веќе знаете како завршува таа приказна. 

Врвен трик за учење: Претворете го вашиот телефон во „резервен мозок“ за факултет

Снимката останува во вашите датотеки, недопрена, бидејќи никој нема време повторно да го слуша целиот час. Но, што ако вашиот телефон навистина би можел да ја заврши тешката работа за вас? Серијата Galaxy A воведува некои скриени функции кои помалку личат на технички спецификации, а повеќе на вистински „животен трик“ за вашата секојдневна рутина.

Транскрипција на хаосот во реално време

Замислете дека седите на предавање со брзо темпо каде што професорот прелетува низ слајдовите. Наместо трескавично да се обидувате да го напишете секој збор, можете да користите Voice Transcription. Оваа функција го претвора говорот во структуриран текст додека тој се случува, па излегувате од просторијата со целосен сет на белешки кои веќе се наоѓаат на вашиот екран. Дури поддржува и превод на 22 јазици, што целосно ги менува правилата на играта ако студирате од меѓународни извори или учите нов јазик.

Пребарување без мака

Сите сме биле во таква ситуација: гледате кул облека во некое видео или специфичен гаџет на фотографија и поминувате дваесет минути обидувајќи се да го опишете тоа во лентата за пребарување. Со функцијата Circle to Search, тие денови завршија. Можете едноставно да заокружите јакна, пар чевли или дури и сложен дијаграм во дигитален учебник за да добиете инстант резултати. Ова ви овозможува да останете фокусирани на она што го работите без постојано префрлање помеѓу апликациите.

Мултитаскинг кој навистина ве следи

Ниту една од овие алатки не би била важна ако вашиот телефон почне да кочи во моментот кога ќе отворите повеќе од два таба. Без разлика дали се префрлате помеѓу истражувачки труд, групен чет или плејлиста на Spotify, моделите Galaxy A57 и Galaxy A37 се справуваат со тој ритам без напор. Благодарение на подобрениот систем за ладење, вашиот телефон останува респонзивен и ладен, дури и за време на оние интензивни, повеќечасовни сесии за учење.

Основни алатки за продуктивност:

Функција Voice Transcription: Претворете ги долгите предавања, белешките од состаноци или сесиите “бура на идеи“ во организиран текст во истиот момент, за да можете да трошите помалку време на повторно слушање на снимките, а повеќе време на вистинско учење.

Функција Circle to Search: Кога ќе забележите нешто интересно на вашиот екран, од материјали за учење до модни парчиња, добијте одговори веднаш, без да го прекинувате вашиот тек на работа.

Стабилен мултитаскинг: Беспрекорно движете се помеѓу повторување на материјалот, испраќање пораки, стриминг и планирање на вашиот следен чекор, без замрзнување на сликата, доцнење (lag) или губење на моментумот.

Долгорочна поддршка: Со до 6 години безбедносни ажурирања, вашиот уред останува безбеден, сигурен и подготвен да ве поддржи од вашиот прв семестар па сè до дипломирањето.

Совладајте ја вашата студентска рутина со серијата Galaxy A овде.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра?

СДСМ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството.

„Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?“

Причината за ваквите одлуки е целосната партизација на институциите.

„Во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство.“

Димитријевиќ нагласи дека ова го потврдуваат и европските институции.

„Тоа го констатира и Европскиот парламент во извештај, нема напредок во реформите, особено во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.“ додаде тој.

Генералниот секретар на СДСМ го повика обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за кои јавно рече дека ги има.

„Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут“ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран„. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има.“ рече Димитријевиќ.

СДСМ најавува дека за овој случај ќе има одговорност.

„Ова ние нема да го заборавиме. По ослободување на заробените институции и враќање на власта во рацете на граѓаните, овој случај повторно ќе биде отворен“, порача Димитријевиќ.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје

По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“.

Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје

По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот.

Монодрамата „Ој, животе“, создадена според култниот текст на актерот и публицист Јосип Пејаковиќ, е проект што Димиќ го адаптира, го режира и го изведува веќе неколку години. Претставата ја следи судбината на човек кој доброволно заминува на издржување затворска казна наместо својот помлад брат, а низ исклучително актерско мајсторство пред публиката оживуваат повеќе ликови, ситуации и животни судбини.

Критиката и публиката ја издвојуваат способноста на Димиќ во текот на целата изведба самостојно да создаде цел свет од различни карактери, водејќи ја публиката низ смеа, тага и длабока човечка емпатија. Претставата е мајсторски редок спој на хумор, емоција и животна вистина. Медиумите редовно нагласуваат дека токму мешавината на комедија и силна животна драма ја прави оваа претстава исклучително блиска и препознатлива за посетителите од целиот Балкан.

Димиќ е актер со богата меѓународна кариера. Остварил над 85 филмски, телевизиски и театарски улоги. Освен на англиски јазик, тој игра улоги на српски, руски, чешки и на италијански јазик.

Џек Димиќ во Холивуд е познат по своите улоги во американски телевизиски и филмски продукции, меѓу кои се сериите: „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот ̶ „Државен службеник“, „Сенки над Балканот“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година.

Во интервјуата што ги дава по повод најновите изведби, Димиќ истакнува дека и покрај долгогодишната кариера во Америка, со особена радост настапува на мајчиниот јазик и исклучително ја цени непосредната комуникација со публиката од регионот. Токму затоа претставата „Ој, животе“ прерасна во негов најличен и најемотивен театарски проект. Димиќ нагласува дека: „ ‘Ој, животе’ не е само монодрама – тоа е приказна за жртвата, семејството, човечката добрина и силата на духот, раскажана од актер чија кариера ги поврзува Њујорк, Холивуд и Балканот“.

Гостувањето во Македонија претставува ретка можност љубителите на театарот да проследат актер кој успешно ги спојува холивудското искуство и балканската театарска традиција, носејќи на сцената претстава која веќе години наназад освојува публика на различни континенти. Гостувањето е овозможено во соработка со Амбасадата на Босна и Херцеговина во РСМ и НУ Драмски театар Скопје.

Билетите во знак на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар Скопје и овој месец ќе бидат со попуст и изнесуваат 300 денари. Може да се набават преку онлајн продажбата или на билетарницата на Драмскиот театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер